27 Април, 2025
0.0251

И АНЕКСОТ НЕИЗВЕСЕН: Синохидро сака Кичево - Охрид да се пушти наеднаш, Владата барала делница по делница

Објавено во: Економија 07 Јули, 2021 07:32

Добивај вести на Viber

Се комплицираат ли работите за изградбата на автопатот Кичево-Охрид? Откако објавивме вчера дека парите кои се предвидени за надзорот на довршувањето на делниците долж Коридорот 8 на овој потег, се нова ставка односно поскапување на изградбата, дознаваме дека со кинеската компанија Синохидро се уште не е постигнат конечен договор и за пролонгирањето на крајниот рок.

Според нашите информации, Владата еднаш веќе им испратила предлог анекс на договорот, но Кинезите го одбиле. Проблемот всушност пак се врзува на некаков начин со роковите на довршување. Владата бара Синохидро да довршува делница по делница и да ја пушта во употреба, а кинеската компанија на тоа не се согласува. Имено ако целиот автопат од Кичево до Охрид е во пет делници, Синохидро инсистирале во употреба да се пуштат сите заедно или пак барем евентуално прво две па останатите до крајниот рок. Сите овие несогласувања резултираат со тоа анексот да не е готов, иако беше најавено да биде пуштен на усвојување во Собранието до крајот на минатиот месец. Дали ќе се успее во следниот период да има договор ќе зависи и од тоа како Синхидро ќе ги реши отворените прашања со некои од подизведувачите. Некои размислувања се дека ако вака се одвиваат работите можно е да дојде и потреба за барање на нов изведувач. Првичната најава е дека автопатот Кичево – Охрид со новиот анекс треба да се гради до 31 декември 2023 година и вкупната сума треба да остане 598 милиони евра.

Сепак Фактор вчера објави дека Договорот вреден над 8,2 милиони евра кој Јавното претпријатие за државни патишта го склучило со Градежен институт Македонија за надзор на докомплетирањето на градежните работи на автопатот  всушност е нов трошок. Станува збор за условен договор кој се реалзиира кога ќе продолжи и изградбата, но тие пари секако се дополнителна сума која ќе ја покрива државата. Милионскиот договор веќе е објавен, а за надзорот Градежниот институт Македонија се здружува со скопската компанија Евро консалтинг.

На 30 јуни годинава заврши вториот рок за завршување на изградбата на автопатот Кичево-Охрид кој се гради од 2014 година.

Во новиот договор со ГИМ, пак кој е со рок на траење од 65 месеци или 5 години и пет месеци, 41 месец се за изградба на автопатот, а другите се за надзор во фазата по изградбата. Во делот кога ќе се гради, Јавното претпријатие всушност остава простор од 11 месеци од сега планираните ако евентуално има некои пролонгирања.

Откако ќе се пролонгира, ова ќе биде второ продолжување на рокот за изградба на оваа автопатска делница. Првично беше најавено да е готова во 2018 година, но со анекс на договорот се продолжи рокот до 30 јуни годинава. Тогаш, се зголеми и цената на чинење на автопатот на вкупно 598 милиони евра.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Со Законот за енергетика имаме темел за фер, ефикасен и европски усогласен енергетски систем“

Со Законот за енергетика имаме темел за фер, ефикасен и европски усогласен енергетски систем“

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ