06 Мај, 2024
0.0442

И без дебатите на Гувернерот, денарот девалвира

Објавено во: Економија, Колумни 15 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

За курсот на денарот нема да се дискутира е ставот кој јасно и гласно Гувернерот Богов им го  соопшти на бизнисмените.  А, тие само што се одважија да прашаат и веднаш го свиткаа „опашот“, како да не е проблем кога курсот е преценет. Не ми е јасно дали не знаат што барат или се исплашија од одговорот. За Гувернерот, не ме чуди, тој е конзистентен во својата политика.  Уште пред неколку години Богов изјави   дека ако треба курсот на денарот ќе го брани и „диктаторски“, по секоја цена, независно кој што мисли за неговата реалност. Сосема погрешен концепт  на менаџирање на вредноста на домашната со странските валути. Дури и од Гувернер да е, веќе премногу е. Во услови кога се водат валутни војни за остварување на конкурентски предности на извозниците од одделни земји на светскиот пазар, мора да се има предвид дека и како потценет и како преценет курсот има и позитивни и негативни влијанија. Но, најефикасен е кога е рамнотежен, бидејќи  курсот   е  одраз на реалните економски текови во земјата и во странство и во зависност од   степенот на реалноста помага или одмага во развојот на земјата. Имено, благородната определба  за истрајување во одржувањето на стабилност на курсот е продуктивна само доколку и додека во националната економија се одржува задоволителна стапка на економски раст и рамнотежа во економските односи со странство. Кај нас, веќе подолг период тоа не е случај. Растот е незадоволителен и покрај огромната буџетска потрошувачка и високиот пораст на задолженоста спрема странство. Се бележи и пад на вкупниот извоз и покрај  порастот на извозот од капацитетите во технолошко индустриските развојни зони. Сето ова се случува и во услови кога државата издвојува огромни средства за субвенции на одделни сегменти во производството. Во тек е и поддршка на вработувањето на одделни категории невработени преку намалување на цената на трудот со ослободување од плаќањето на персонален данок и социјалните придонеси. Сето ова влијае врз намалување на трошоците на работење на стопанството, односно за зголемување на нивната конкурентност и профитабилност. Меѓутоа, сето ова зборува дека економската политика исправена пред гувернеровиот ѕид веќе на терен реализира мерки на „внатрешна девалвација“ се‘ со цел да ги корегира неповолните трендови во стопанството, особено влошувањето на надворешната рамнотежа. Проблем е, меѓутоа, што обемот на средствата за вакви намени го допира плафонот, бидејќи веќе се наметнува обврска за преземање на мерки за буџетска консолидација. Да се надеваме дека состојбата ќе дојде дотаму за да се пристапи и кон намалување на платите, пензиите и другите примања, за да се одржи во живот стопанството. Во овој контекст станува сосема разбирлив гувернеровиот став зошто не отвара   дебата за реалноста на курсот. Веднаш ќе се покаже дека има проблеми. Но. Гувернерот не сака  критиката да се свали врз НБРМ. Донекаде е и во право, бидејќи неговата институција успешно си ја врши работата на одржување на ценовна стабилност, а државата и стопанските субјекти не се оспособија својата материјално-финансиска состојба да ја подобруваат со зголемување на штедењето и продуктивноста на трудот.  Но,  тој не може да се амнестира  од одговорноста што никојпат не предупреди на слабостите од таквото нивно однесување и премолчено допушти да се применуваат мерки од арсеналот на „внатрешна девалвација“. Имено, токму со таквите  мерки  се разбива единствениот девизен курс на денарот и се исчашуваат ценовните односи во земјата,  поради што тие не можат успешно да ја вршат улогата на ефикасен алокатор на средствата за производство, што е сериозна пречка за водење долгорочна развојна политика.   Ваквиот развој на настаните не може да не го интересираат Гувернерот. Токму за нив тој треба да отвора дебати, а не да ги  спречува. Ако тоа не може да го направи директно со надлежните носители во власта, во тоа треба да ја вклучи стручната и научната јавност, а не да се затскрива, чувајќи си го грбот зад независноста на банката. Интересно е што многумина го поддржаа ставот на гувернерот за стабилност на курсот, божем за да се избегне панично конвертирање на денарски средства во девизи, а никој не се прашува зошто би дошло до тоа, ако курсот е реален (зарем не се случи значајна девалвација на денарот во однос на доларот, а помина без било каков потрес).  А ако има знаци дека курсот не е реален  треба да се преземат соодветни мерки за да се надминат неповолните трендови во економијата. Притоа, никаде не се вели дека мора да се промени номиналниот курс. На курсот треба да му се посвети соодветна дебата во која покрај одржувањето на стабилноста ќе се афирмира и потребата за одржување на единствен и реален курс, бидејќи само тогаш тој може ефикасно да ја врши улогата на алокатор на стоковните вредности на домашниот и на странските пазари и да биде критериум  за рационално вклучување на македонското стопанство во меѓународната поделба на трудот. Ова ја нагласува потребата од ревидирање на монетарната политика, особено фиксното врзување на денарот со еврото, бидејќи во намерата за одбрана на фиксниот курс се прибегнува кон зголемување на каматите, кои ги дестимулираат инвеститорите. Оваа елаборација изгледа комплицирана наспроти јасниот став „да не се чепка во курсот“, независно од последиците. На приврзениците на овој став дури им се оддава признание за доследноста во остварувањето на утврдената политика. Како тоа да е невозможна мисија. Меѓутоа,  мора еднаш да се каже дека нема поедноставен ангажман отколку стабилноста на курсот да се брани по секоја цена, независно од неповолните реперкусии кои ги предизвикува (слабеење на извозните активности, пораст на трговскиот дефицит, пораст на долговите спрема странство...). Затоа, никаде не води илузијата дека по врзувањето со вредноста на еврото, курсот на денарот  е наполно стабилен. Поради создадената илузија не се ни забележа дека денарот во првото тримесечие од годинава изгуби 17,5% од вредноста во однос на доларот (наместо 46,44 денари за долар, веќе се плаќа 54,59 денари за долар).  Факт е дека курсот на денарот е само номинално стабилен спрема еврото, додека ефективниот курс постојано депресира. Веќе подолг период пред очите и на граѓаните и на бизнисмените ни се случува внатрешна делвалвација (мерки на кои што им се спротивставуваат Грците, во неможност да извршат девалвација, бидејќи национална валута им е еврото). Тоа значи дека за стекнување на единица девизни средства вложуваме се‘ повеќе, преку разноразни субвенции. Тоа воопшто не би било потребно кога цената на странските валути би била реална, а стопанските субјекти, вклучувајќи ја тука и државата, својот успех во работењето би го остварувале преку зголемување на економичноста и продуктивноста, а не со прераспределба на доходот во земјата. Затоа на девалвацијата, не треба да се гледа како на проблем, туку како на едно од решенијата на проблемите во реалните економски текови. А, Гувернерот може и до крајот на неговиот мандат да не дозволува дискусии на оваа тема. Но, тоа не значи дека како и досега, денарот нема да  продолжи да ја менува вредноста, било поради домашни причини било поради надворешни влијанија. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот