26 Ноември, 2024
0.0261

И БЕЗ ВАКЦИНА, ЕДНА ТРЕТИНА ОД ЛУЃЕТО МОЖЕ НИКОГАШ ДА НЕ ФАТАТ КОРОНА - Не чуваат Т-клетките

Објавено во: Свет 06 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Една третина од населението не може теоретски да добие коронавирус. Оваа оптимистичка проценка на светските истражувачи би можела да донесе нова надеж на сите, ако се има предвид фактот дека повеќе од 30 проценти од луѓето имаат Т-клетки, кои штитат од вирусот КОВИД-19, е потврдено од страна на поширок круг на испитаници.

Суштината на наодите на германски и британски научници, со кои српските епидемиолози се согласуваат во принцип, се заснова на истражувања во кои беа опфатени голем број на здрави луѓе кои не ја добија короната, иако беа во контакт со болните. Како што се испостави, за овие 35 отсто (во некои други истражувања, тој процент се искачи до 60 отсто) имаат заедничко дека имаат Т-клетки, реактивни на КОВИД-19.

Значи, упростено кажано, имунитет можат да имаат и оние кои не ја прележале короната, а не ја примиле ниту вакцината, што, пак, се уште е воп перспектива.

„Таканаречените Т-клетки се дел од имунитетот и помагаат да се заштити организмот од инфекција. Реактивноста на Т-клетките укажува на тоа дека имунолошкиот систем можеби имал претходно искуство во борба против слична инфекција и може да го искористи тоа искуство за да помогне во борбата против нова инфекција. Тие веројатно се стекнуваат во претходни слични инфекции со некои други видови на коронавирус, вклучувајќи ја и обичната настинка. Кога Т-клетките реагираат на инфекција, користејќи ја меморијата стекната при претходна инфекција, таа се нарекува вкрстена реактивност“, Џон Хопкинс.

Што точно се Т-клетки? На кратко, тоа е еден вид бели крвни клетки. Тие се еден вид на одбранбени ќелии, чија главна задача е да пронајдат агресивни, патогени или заразени клетки. Тие го прават ова со употреба на протеини на нивната површина, кои можат да се врзат за протеините на површината на натрапникот. Секоја Т-клетка е многу специфична, има милијарди можни верзии на овие површински протеини, кои можат да препознаат различни цели. Бидејќи Т-клетките најчесто можат да останат во крвта со години по инфекцијата, тие исто така придонесуваат за долгорочно ефикасно реагирање на имунолошкиот систем и му овозможуваат првично да елиминира познат непријател со кој доаѓа во близок контакт.

Секој има Т-клетки, но не секој има Т-клетки кои можат да го препознаат вирусот КОВИД-19. Но, ако тоа што го покажаа британските и германските научници на помал примерок, тогаш тоа го имаат и голем дел и од другите нации. 

Лекарите објаснуваат дека оваа теорија е основана и покажуваат дека ова е уште една сличност помеѓу вирусот ХИВ и КОВИД-19. Имено, СИДА-та е првенствено заболување на Т-клетки, кое ХИВ систематски го уништува кога пациентот се зарази.

Имунолог проф. Д-р Борислав Каменов по повод германско-британското истражување дека целосно се согласува со него. Како што објасни тој, клучот за одбрана од короната е во одредена доза на Т-клетки во организмот, кои се природна одбрана против влегувањето на вирусот или не дозволуваат таа да развие тешка клиничка слика кај пациенти.

Лошата вест е дека ние како граѓани не можеме сами да провериме дали имаме Т-клетки.

Всушност, добрата вест е дека голем број на луѓе имаат клетки во своето тело кои ги штитат од коронавирусот, а лошата вест е дека не постои начин сами да ги проверуваме. Причина е што тоа е комплицирана и скапа процедура, далеку покомплицирана од тестирање на антитела, па затоа се спроведува само во рамките на некои истражувања.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

ТУРИСТИ ИСЧЕЗНАА ВО ВОДИТЕ КАЈ ЕГИПЕТ: Бродот испратил сигнал за помош, па исчезнал од радарот (ФОТО)

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната