Добивај вести на Viber
Бугарија планира да крене ограда на границата со Грција, иако онаа со Турција е незавршена.
Оградата на граница со Турција ќе биде долга вкупно 131 километри, но не се знае точно кога ќе биде готова. Се очекува бегалски проток, поради што армијата ќе биде на терен, ќе биде вооружена, но ќе употреби сила, само ако мора.
„Досега нема никакви податоци за зголемен миграциски притисок на нашите граници“ - вели министерот за надворешни работи, Даниел Митов.
Министерот исто така, рече дека земјата е концентрирана на систем за рано предупредување со своите турски и грчки соседи.
Добрата вест е дека од почетокот на операциите на НАТО во Егејот, протокот на мигранти кон Грција е намален двојно.