И Црна Гора воведува полициски час
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 25 Ноември, 2020
Црна Гора воведува полициски час. Toa значи дека од вечерва забрана за излегување од дома има од 19 до 5 часот наутро.
Ова ќе важи до 8 декември, објави Националното координативно тело за инфективни болести
Угостителските и услужните објекти во Црна Гора од денеска ќе работат од 7 до 18 часот, додека од 19 часот до 5 часот наутро ќе важи забраната за напуштање на домовите.
Освен забраната за движење, од граѓаните се бара целосно да ги почитуваат сите мерки. Во Црна Гора последните податоци покажуваат дека од 1.953 тестирани има 570 новозаразени и шест починати.
Земјата прва во регионот се избори со првиот бран, и беше прогласена за дестинација без корона, по што потоа вирусот повторно се појави и Црна Гора лошо котираше со бројот на заразени.
Повеќето земји од регионот го вратија полицискиот час.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.