09 Декември, 2025
0.0896

И детето пукало од автоматска пушка во Тетово - обвинителството излезе со детали

Објавено во: Македонија 12 Август, 2025 20:35

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – за бруталното пукање на 10 август на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, при кое загина едно лице, а тројца беа тешко повредени, меѓу кои и дете.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице кои е осомничено дека сторило кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 3, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 и Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За истите дела со него како соизвршител е осомничено и едно дете за кое е поведена постапка согласно Законот за правда за децата. Наредба за спроведување истражна постапка е донесена и против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство (во обид) по член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19, потоа Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи по член 396 и Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 10 август, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, првиот осомничен и детето во судир со законот родено во 2010 година, со умисла, како соизвршители и со употреба на огнено оружје – автоматски пушки кои на граѓаните им се забранети, лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени. Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил ’Голф’ со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил со тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година кое се затекнало во непосредна близина, по што осомничениот заедно со детето во судир со законот се оддалечиле од лице-место“, велат од ОЈО. 

Иако бил ранет од престрелката, вториот осомничен и уште едно лице извадиле огнено оружје – пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди во торакалниот дел, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена. За сите осомничени, вклучувајќи го и детето во судир со законот, јавниот обвинител предложи определување мерка притвор. Вчерва од ОЈО соопштија дека мерките се определени. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак