И ДКСК БАРА ИСТРАГА ЗА ПАРИТЕ КОИ ГИ ТРОШЕШЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА: посочуваат оти на службено патување „биле потрошени средства за приватни цели“
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2024 11:47
Државната комисија за спречување на корупција донесе одлука да иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на буџетски средства за приватни цели на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.
На денешната седница од Комисијата информираа дека ги потврдуваат наводите за употреба на буџетски средства за приватни цели при службеното патување на поранешната министерка во Велика Британија и Ирска по повод 30 години дипломатски односи.
- Наводите за употреба на буџетски средства за приватни цели се потврдуваат, со што се констатира дека биле потрошени средства за приватни цели. ДКСК ќе постапи во рамки на своите надлежности и ќе иницира постапка до надлежните органи - соопшти Зоран Богоевски, член на ДКСМ.
Според извршениот увид во документацијата, од ДКСК велат дека министерката за култура во 2023 година остварила билатерална посета со трошоци од 1.300 британски фунти аванс, од кои 229 фунти се признаени како трошоци за репрезентација, а 600 фунти за сместување.
Од 292 фунти, 280 се трошоци кои ДКСК смета дека не може да се квалификуваат како трошоци за репрезентација. Дополнително, 528 фунти биле подмирени со службена картичка на Министерството за култура, од кои 485 фунти се трошоци кои, како што дополнуваат од ДКСК, не може да се квалификуваат како направени за службени цели.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ неодамна излезе со обвинувања кон пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која, како што соопштија од партијата, додека ја извршувала функцијата во Владата трошела пари од буџетот за лични потреби и луксузирања.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село





