И Египет и Тајван сакаат во Азиската банка
Објавено во: Свет 31 Март, 2015 08:10
Ден пред истекувањето на рокот за доставување на пријави за членство во Азиската инфраструктурна инветсициона банка,чие основање го покрана Кина, заинтересираност покажаа и Египет и Тајван.
„Египет аплицираше за членство во AIIB“, изјави портпаролот на египетското Министерство за надворешни работи Бадр Абдел Ати.
Тајван исто така соопшти дека ќе поднесе формална пријава за членство во Азиската банка. Агенцијата меѓутоа, додава дека не е познато дали воопшто ќе може да се приклучат на таа банка, бидејќи Кина веќе долго време го блокира членството на Тајван во бројни меѓународни организации поради спорот околу суверенитетот.
Во текот на викендот желба да пристапат кон оваа банка изразија и Русија, Бразил, Холандија, Данска, Грузија, Турција, Шведска и Јужна Кореја.
Претходно тоа го направија Австралија, Британија, Франција, Германија и Италија, и покрај секепсата околу Азиската банка која владее во Вашингтон и Токио.
Идејата за основање на Азиската банка е кинеска, а привиот меморандум за тој проект во октомври минатата година потпишаа земјите од регионалниот гигант Индија, преку малите и сиромашни земји како што е Лаос, до богатите кои ги вклучуваат Сингапур и Катар.
Основачкиот капитал на банката ќе биде околу 100 милијарди долари, а почетниот акционерски капитал околу 50 милијарди долари.
Набљудувачите во САД и Јапонија изразија загриженост поради плановите на Пекинг да ја основа банката, бидејќи таа организација може да стане сериозен конкурент на Светската банка и Азиската развојна банка, која ја поддржуваат Вашингтон и Токио.
Уште во 2013, кога Кина ја обелодени намерата за основање на банка, САД почнаа да ги убедуваат своите сојузници да ја бојкотираат новата институција.
Американците тврдат дека новата банка по своја прилика ќе има благи стандарди за одобрување на кредити во однос на Светската банка.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




