И Германците порачуваат „Внимателно “ на северот од Косово
Објавено во: Балкан 04 Април, 2019
И германското министерство за надворешни работи ги предупреди своите граѓани да го одбегнуваат Косово, посебно северниот дел од него. Да не патуваат таму, освен ако не е нешто неодложно.
Во соопштението Германија ја нагласува моменталната напната ситуација на северот од Косово како причина за одбегнување во овој период како дестинација за посета.
Германија е втора држава која ги повикува своите граѓани да внимаваат на север од Косово. Прва соопштение до своите државјани за ситуацијата на Косово и нејзино одбегнување прати Велика Британија.