И ГЛАВНИОТ ГРАД ИМА ПОМАЛКУ РОДЕНИ ОД УМРЕНИ - Само два града во земјава имаат минимална позитива
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2023
Од почетокот на годината имаме намалување на бројот на новороденчиња.
Имено, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 8,8 отсто и изнесува 3.656 живородени деца.
Намалување има и кај починатите лица. ДЗС објави дека бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 29,5 проценти во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5.233 лицa, а од нив 5 се умрени доенчиња.
- Природниот прираст е негативен - 1.577 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од
бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 2,9 отсто во споредба со истиот период од
2022 година и изнесува 2.396 бракови.
Во ова тримесечје се добиени 336 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 26,8 проценти во
споредба со истото тримесечје од 2022 година.
Бројките кои ги објави ДЗС покажуват дека најголем негативен прираст има во Битола, каде во првото тримесечје негативниот прирастот е -158. Веднаш зад нив е Скопје, главниот град бележи негативен прираст од -150, па следува Прилеп со -139...
Од поголемите градови во позитива се Куманово, каде бројот на жители се зголемил, а прирастот за првото тримесечје изнесува 6 лица, како и Тетово со природен прираст од 12 лица.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.