И интернистот Фазлији не издржа во борбата со вирусот: Имал два стента, а на Инфективна бил донесен во критична состојба
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2020
Уште еден лекар
почина од компликациите на корона вирусот. 49-годишниот интернист од Куманово,
Шкури Фазлији од Куманово почина на Клиниката за инфективни болести, само три
дена откако бил донесен со тешка форма на болеста.
Неговиот колега од Куманово, матичниот лекар, Фатмир Асани, кој исто така е позитивен ка Ковид-19, вели дека Фазлији претходно имал два стента и бил во ризичната група, но ниту еден ден не ги оставил пациентите.
-Беше вреден лекар, неуморно од почетокот на епидемијата беше со пациентите. Во нашата фела се повеќе лекари се позитивни на Ковид-19. И тоа е веќе и нормално, колку повеќе заразени пациенти, толку повеќе заразени лекари ќе има. Се чуваме, верувајте, но по 7-8 часа поминати со заштитна облека, маски, визири, во еден даден момент може нешто да се измести, да се допреме несакајќи, и толку треба. Сега вирусот е многу повирулентен, вели Асани.
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.