05 Декември, 2025
0.0488

И Канарските острови бараат финансиска помош од Шпанија

Објавено во: Свет, Финансии 06 Октомври, 2012 09:37

Добивај вести на Viber

И шестиот шпански автономен регион најави дека ќе побара финансиска помош од спасувачкиот фонд, формиран од централната влада, јавува агенцијата АФП. На Канарските острови им е потребна помош од  756,8 милиони евра. Иако областа е една од најмалку задолжените, сепак тие добиваат и најмали финансии од државата, појаснува портпаролот на регионалното министерство за економија. Тој потсети дека Канарските острови, кои се популарна туристичка дестинација, добиваат за 802 милиони евра помалку од останатите шпански области. Кон крајот на јуни Канарските Острови имаа долг од 9,3% од бруто домашниот производ, покажуваат податоците на шпанската централна банка. Тие се областите со вториот најнизок долг по Мадрид. Пред Канарските Острови, помош од спасувачкиот фонд на шпанската држава,кој беше донесен во септември, побараа и Каталонија, Валенсија, Андалузија, Кастилја Ла Манча и Мурсија. Вкупната сума помош која ја побараа овие региони изнесува над 16 милијарди евра, но Владата уверува дека спасоносниот фонд ќе располага со 18 милијарди евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат

Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД

Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД

БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!

БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!

РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република

РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република

OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи

OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи

(ВИДЕО) Неколку лица го нападнале и жив го запалиле синот на украински политичар во Виена

(ВИДЕО) Неколку лица го нападнале и жив го запалиле синот на украински политичар во Виена