И Ким Џонг Ун ја откажа посетата на 9 мај во Москва
Објавено во: Свет 30 Април, 2015 13:12
Лидерот на Северна Кореја ја откажал посетата на Русија и присуството на Маршот на Победата на 9 мај во Москва. Според портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков одлуката била пренесена преку дипломатски канали и била поврзано со „внатрешнокорејските дела“.
Прес секретарот на Владимир Путин ги потсетил новинарите дека сепак во периодот од 8-10 мај на прославата во руската престолнина планираат да учествуваат околу 30 државници и владини лидери од странските држави, како и раководители на меѓународни организации.
За евентуалната посета на Ким Јонг Ун се проговараше во јануари, а потоа Песков, изјави дека „неговото учество е потврдено“ и дека „Кремљ се подготвува за неговото пристигнување“. Властите во Јужна Кореја сепак се однесуваат претпазливо кон ваквите тврдења, бидејќи посетата на севернокорејскиот лидер зад граница - освен во Кина - е нешто исклучително необично. Во Сеул претпоставуваат дека Пјонгјанг ќе го испрати претседателот на парламентот Ким Ен Нам, кој е и формално шефот на државата на Северна Кореја.
Така да неколку дена пред прославата во листата на лидерите остануваат претседателите на Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Таџикистан, Туркменистан, како и на признатите единствено од Москва Јужна Осетија и Абхазија. Претседателите на Украина и Молдавија нема да присуствуваат, а Александар Лукашенко нема да присуствува на парадата.
Тројца лидери на државите од БРИКС - претседателите на Кина, Индија и Јужна Африка ќе бидат во Москва за време на празниците. Освен тоа, во руската престолнина своето присуство го потврдиле шефовите на Венецуела, Виетнам, Зимбабве, Кипар, Куба, Македонија, Монголија, Палестина, Србија, Словачка, Чешка, Босна и Херцеговина. Но, некои од нив како не пример претседателот на Киргистан Алзамбек Атамбаев, чешкиот колега на Милош Земан и словачкиот премиер Роберт Фицо - нема да присуствуваат на Црвениот плоштад.
Од лидерите на организациите се очекува да присуствува генералниот секретар на ОНН Бан Ки Мун, и генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




