И Макрон ќе ја убедува македонската јавност

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2018 07:00
Листата на посети на високи политички гости од странство за поддршка на референдумот на 30 септември најверојатно се затвора со триото Јенс Столтенберг, Себастијан Курц и Ангела Меркел, но на агендата во кампањата за позитивно изјаснување и масовна излезност се најде и францускиот претседател Емануел Макрон , кој треба да се обрати преку видео-врска до македонската јавност.
Ова го најави заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, по средбата со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој инаку има биски релации со најмалдиот претседател во француската историја.
- По средбата со францускиот амбасадор Тимоние, јас сум уште поголем оптимист околу евроатланската иднина на нашата држава.
Одлична вест е што францускиот претседател Макрон ќе има видео обраќање до македонските граѓани со поддршка за Референдумот.- напиша Жерновски на својот фејсбук-профил.
Засега нема детали кога ќе биде тоа обраќање и на кој начин ќе се емитува, а единствено може да се претпостави дека најбрзо може да се случи на отворената прослава на Денот на независноста, 8 Септември, што ќе биде одбележан во дворот на Владата, под отворено небо. Претходно владиниот портпарол Миле Бошњаковски соопшти дека е предвидена богата програма, а поканети се сите граѓани.
Макрон не е силен поддржувач на Македонија кога станува збор за проширувањето на ЕУ, а Франција на последниот самит во Брисел го делеше ставот дека не треба да се брза со отпочнувањето на датумот за преговори со земјата, по што тој чин беше одложен за 2019-та.
Инаку синоќа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, прв пристигна во официјална посета на Република Македонија. Ова е прва посета на генералниот секретар на НАТО откако Македонија доби покана за членство во Алијансата, а втора од почетокот на оваа година. На Меѓународниот аеродром Скопје, генералниот секретар беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
„Во една година прв пат ни се случува генерален секретар на НАТО да ја посети Македонија како земја која сè уште не е членка на НАТО-Алијансата. Светот навистина го цени ова што се случува во Република Македонија и дава силна поддршка на нашите две стратешки цели – членство во ЕУ и членство во НАТО“, рече министерката Шекеринска во пресрет на посетата на високиот гостин од НАТО.
На агендата на Столтенберг е и средба со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кој засега има јасен негативен став кон референдумот и пред дваесетина дена избегна сретнување со највисокиот генерал на САД во Европа, Куртис Скапароти, со образложение дека бил на одмор, а претходно не се сретна ниту со директорот за европски и глобални партнерства на НАТО, Џејмс Мекеј.
Претходно, професорот Ѓорѓи Спасов за „Фактор“ истакна дека високите политички претставници во Скопје ќе упатата порака за охрабрување на граѓаните дека уставните промени не значат страв и опасност по земјата.
-.Клучната порака ќе биде дека тие се овде да не подржат во нашата желба Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ, да не охрабрат во насоката на решавање на споровите со нашите соседи и да не ослободат од стравот дека може да бидиме измамени од соседите откако ќе го прифатиме договорот со Грција и ќе го промениме Уставот. Според мене тие не само што ги подржуваат Договорите за добрососедство што ги потпишува Македонија туку, како и во случајот со Рамковниот договор од Охрид се еден вид гаранти дека тие ќе се почитуваат од двете страни. А тоа е многу значајно за голем број граѓани на Македонија кои се уште не им веруваат на соседите, па ниту на на ЕУ, па ниту на домашните политички елити. Госпоѓата Меркел во сите свои досегашни мандати покажа дека нејзе може да и се верува и дека таа располага со моќ да го реализира ветеното и она што јавно го подржува - анализира Спасов.
Можеби ќе ве интересира
ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА: Констатирано е дека болницата Козле нерационално ја користи водата за пиење

Коњановски: Човек сум и јас можам да погрешам, а за сообраќајниот прекршок си платив

Обвинителен предлог за напаѓачот на Арсовска, за второосомничениот нема да продолжи гонењето

ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ ЗА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - обвинителниот акт доставен до адвокатите

На огласот за 400 пожарникари не се пријавиле ниту толку кандидати

ВЛАДАТАТА ЗА ПИСМОТО НА РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ: „Сведување на дискусијата на „здраво како сте“ и „колку чини“ е навредливо

КОНЕЧНО ПРИСТИГНУВААТ УЧЕБНИЦИТЕ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ: Нема веќе учење од тетратки

Првата антикорупционерка доби обвинителен предлог за „Адитив“, друго лице полагало безбедносен тест во нејзино име

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ - едно лице пренесено на клиниките „Мајка Тереза“
