23 Ноември, 2024
0.0275

И ОДНАДВОР ЈА КРАДАТ, И ОДВНАТРЕ ЈА „ПОТКРАДНУВААТ“, А ДРЖАВАТА ЈА СПАСУВА - Пошта на „шкрги“, лани во загуба од 3,7 милиони евра

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Огромни ненаплатливи побарувања од кражби и поткраднувања од вработени, високи долгови и хроничен раст на загубите. Состојбите во големиот државен загубар Македонска пошта се влошуваат од година во година, а ревизорите кои го чешлале нивното работење за минатата година, само ја потврдиле таквата состојба.

Она што „фасцинира“ во негативна смисла ако се разгледа ревизорскиот наод, но и бројките што на ревизорите им ги презентирало самото акционерско друштво во државна сосптвеност, е дека Македонска пошта има побарувања по основ на кражби, кусоци од вработени, спогодби, како и побарувања за спорни и сомнителни камати на износ од дури 1,52 милиони евра, а од оваа огромна сума не може да се наплати најголемиот дел, или дури 1,47 милиони евра. Што во превод би значело дека од овие 1,52 милиони евра, прашање е дали некогаш воопшто ќе се наплатат едвај 50 илјади евра. А, за дури 1,47 милиони евра, како што напишале самите ревизори во извештајот, не добиле разумно уверување за нивната наплатливост.

„Со состојба на 31 декември 2022 година, друштвото има евидентирано останати побарувања по основ на кусоци од кражби, кусоци од вработени, побарувања по основ на спогодби, како и побарувања за спорни и сомнителни камати на нето износ од 93.387.000 денари (1,52 милиони евра – н.з.). Во постапката на ревизија не бевме во состојба да се стекнеме со разумно уверување за наплатливоста на останатите побарувања од 90.313.000 денари (1,47 милиони евра -н.з.)“, се вели во белешката на ревизорот за Македонски пошти.

Натаму, како што се додава, Пошта има побарувања од купувачи на износ од дури 4,3 милиони евра, а притоа под знак прашалник дали ќе се наплати е дел од не така мали 578 илјади евра.

„Друштвото има евидентирано побарувања од купувачи во нето износ од 264.453.000 денари (4,3 милиони евра – н.з.). Во постапката на ревизија не бевме во состојба да се стекнеме со разумно уверување за наплаливоста на дел од побарувањата од купувачите, во висина од 35.555.000 денари (578 илјади евра – н.з.)“, се вели во извештајот на ревизорот.

Покрај тоа што има многу побарувања кои не може да си ги наплати, односно од нив не може да си ги прибере парите, Пошта има и огромни долгови. И плус, тие, како што објасниле ревизорите, се потценети. Долгот на Пошта кон добавувачите официјално тежи дури 3,8 милиони евра.

„Друштвото има искажано обврски кон добавувачите во висина од 233.121.000 денари. Констатиравме дека обврските кон добавувачите се потценети за износ од 10.860.000 денари. Поради нивно евидентирање во 2023 година како трошоци од минати години. Ефектот врз финансискиот резултат за 2022 година изнесува 24.316.000 денари повеќе евидентирана загуба и истиот претставува разлика меѓу трошоците од 2022 година евидентирани во 2023 година во износ од 10.860.000 денари и трошоците од 2021 година евидентирани во 2022 гподина во износ од 35.176.000 денари“, се вели во извештајот.

Натаму, ревизорите констатирале и дека друштвото е обврзано да им исплати на вработените кои заминуваат во пензија минимална отпремнина која одговара на две просечни месечни плати исплатени во државата во моментот на пензионирање. Но, како што навеле, Пошта нема извршено актуарска проценка на сегашната вредност на овие обврски по престанокот на вработувањето согласно барањата на МСС 19- користи на вработените. Според ова, резервирање за износот на отпремнините не е пресметан и евидентиран.

Инаку, ревизорот обрнува внимание кон финансиските извештаи во кои е наведено дека друштвото континуирано генерира загуби и има негативни парични текови од оперативно работење.

И тука доаѓаме до клучната поента што ја кажале ревизорите во својот извештај, а таа е дека Пошта не би можела да продолжи да работи, доколку со пари не ја храни нејзиниот сопственик, а тоа е всушност државата, односно сите ние. И, како што навеле, најголемите обврски кои треба да се сервисираат, се всушност трошоците за вработените.

„Понатамошното работење на друштвото, поврзано со сервисирање на обврските, пред се поради високиот износ на трошоци за вработени, зависи од финансиската поддршка од сопственикот“, се вели во наодот на ревизорите.

А, билансот на успех на Пошта покажува дека ова друштво има навистина фрапантно високи трошоци за вработените, и дека тие растат од година во година.

Или, во скенираната 2022 година, Пошта имала трошоци за вработените на сума од дури 15,82 милиони евра, додека, пак, една година претходно, тие изнесувале 15,29 милиони евра. Или, само за една година тие се зголемени за 530 илјади евра.

Инаку, на крајот на минатата година вкупниот број на вработени во Пошта изнесувал близу 2.000 лица, или прецизно 1.998 вработени, што е намалување во однос на 2.192 лица колку што биле вработени на крајот на 2022 година, се вели во извештајот.

И, како што говори финансикиот извештај, а што секако не е најмалку важно, туку е дртаматично, Пошта, и покрај тоа што лани имала приходи од близу 17 милиони евра, годината ја завршила со огромна загуба од 3,74 милиони евра. Во 2021 година нејзиниот „минус“ бил нешто помал и тежел 2,86 милиони евра, и токму тоа е она од што се загрижени ревизорите, дека овој државен загубар не може да живее без постојаните инфузии од буџетски пари.

Во моментов директорка на Пошта е Бујаре Абази, која на оваа позиција дојде во март годинава, откако од април лани на директорското место беше Васко Стефанов, кој пак, го наследи Јани Макрадули кој раководеше со Поштата се дотогаш.

Н.Н.Ф.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria