„И ОТКАЖУВА ЉУБОВ НА ПАРТИЈАТА“: Милошоски нема да се трка за пратеничко место
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2016
Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски ја менува професијата.
На претстојните парламентарни избори тој нема да се трка за пратеничко место.
На прес конференција вчера потврдил дека сите се на кандидатските листи на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, само тој не е.
„Сите и стојат на располагање на партијата, но јас побарав да не бидам на листа“, изјавил Милошоски .
Според пишувањата на Фокус Милошоски најверојатно ќе биде нотар, бидејќи во центарот на Скопје веќе извесно време подготвувал нотарска канцеларија, а нотарскиот испит го положил на почетокот на годината.