И ОВА Е МОЖНО: Има 80 години и заработувал 500 000 долари дневно во текот на животот!
Објавено во: Економија, Финансии 18 Февруари, 2016 12:37
Активистот и инвеститор Карл Ајкан оваа недела наполни 80 години и има неколку илјади нешта да прослави.
Поточно 581 793 долари, според пресметките на „CNBC“.
Токму толку Ајкан заработувал во просек на ден во текот на неговиот живот. Тоа е прилично сериозен роденденски подарок. Се разбира, тој не заработувал по толку, веднаш откога е роден во 1936 година, но сепак последователно стигнал до ова ниво.
Состојбата на Ајкан се проценува на 17 милијарди долари, според последните податоци на „Forbes“.
Милијардерот го прославил големиот ден со вечера во ресторан во Менхетен во друштво на други популарни инвеститори како Мајкл Милкоун, Лион Блек, Хауард Лорбер, Рич Хендлер и Ендрју Витакер. Друштвото ја поминало вечерта во шеги, пиејки црвено вино и конечно го изеле сиот кавијар на ресторанот.
Тоа е разбирливо. Сите овие мажи се врвни во уделите на инвестирање, а Милкоун и Блек исто така се милијардери. Сепак, тие се ситни риби во споредба со Ајкан. Блек заработувал во просек по околу 190 000 на ден во текот на својот живот, а Милкоун по 98 313 долари. Ајкан меѓутоа сигурно не заработил 17 милијарди долари, само следејќи го пазарот. Човек требало да инвестира 164 милиони Долари во „Dow 30“ во денот, во кој е роден „Icahn“, за да може да генерира сличен принос денес.
Ајкан и неговите пријатели од сферата на инвестирањето се справиле доста добро, ако се гледаат нивните приходи на ден, но нивното претставување бледнее пред тоа на некои од технолошките бизнисмени.
Основачот на Amazon Џеф Безос пример заработувал над 2,4 милиони долари во просек во секој ден од својот живот. Ворен Бафет, за споредба, може да се пофали со 1.9 милиони долари. Основачот на Facebook Марк Цукенберг кој ќе наполни 33 година во мај, е далеку пред сите. Тој освоил во просек по цели 3,8 милиони долари на ден .
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





