19 Декември, 2025
0.0394

И ПО ЦЕЛО ДЕНОНОЌИЕ, СЕ УШТЕ НЕ Е ПРОНАЈДЕНА ИСЧЕЗНАТАТА ЖЕНА ОД ЈУРУМЛЕРИ - граѓаните бараат повеќе детали за да помогнат

Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2024 11:27

Добивај вести на Viber

И по 23 часа од објавата на  фејсбук на братот на исчезнатата жена од Јурумлери, Аце Јоциќ, тој се уште нема напишано нов пост на оваа социјална мрежа, што сугерира на тоа дека таа не е пронајдена.

Како што вчера објавивме, исчезната е Лидија Трајковска. 

Во објавата замолува за било какви информации и го споделува неговиот телефонски број. 

- Исчезната е сестра ми, ве молам за секоја информација да ме контактирате на 078/431-680. Трагот и се губи на раскрницата во Јурумлери - напиша тој на својот Фејсбук профил, каде сподели и фотографија од неговата сестра. 

Ќерката на Лидија, Мартина Трајковска посочува дека станува збор за посветена мајка, сопруга, вработена жена без никакви здравствени проблеми.

Лидија утрово околу пет часот излегла од семејниот дом, по што и се губи секаков траг. Со себе не понела лични документи, ниту мобилен телефон. Нејзините блиски вознемирени од случајот апелираат за помош од јавноста во пронаоѓањето на Лидија.

- Никогаш не се случило вакво нешто, сите сме затекнати и бараме помош во наоѓањето на мајка ни. Таа е семејна жена, вработена во Тинекс месара, излегла од дома околу пет часот наутро додека сестра ми и татко ми се уште спиеле. Не знаеме што се случило, ова е голем шок за сите нас и несвојствено за мајка ни, и случајот веднаш го пријавивме во полиција - кажа Мартина.

Последна информација околу нејзиното движење имаме од снимки од камери, живееме во Јурумлери, а таа е забележана на автобуската станица Јурумлери.
Облечена е во зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми.

Пријателите на фејсбук го замолуваат братот на Лидија да овозможи неговиот пост да се шерува, но и да стави друга слика од неа, со цел граѓаните полесно да можат да ја идентификуваат.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот