И ПО ПАНДЕМИЈАТА ЛУЃЕТО СО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ: По прележан Ковид-19 секој трет пациент има тешки навролошки или психијатриски нарушувања
Објавено во: Свет 07 Април, 2021 11:58
Студија
спроведена на 23.000 испитаници, претежно во Соединетите Држави, открила дека
на еден од тројца кои прележале Ковид-19 им е дијагностицирано невролошко или
психијатриско нарушување шест месеци по лекувањето.
Ова упатува на заклучок дека бран на невролошки и психијатриски пациенти може да се очекува како последица на пандемијата, според стручното списание „Лансет Сајкајатрист“.
Од 14 психијатриски нарушувања, анксиозноста и депресијата се најчести кои се јавуваат кај пациенти по прележаната болест, иако на научниците не им е јасно како овие нарушувања се поврзани со вирусот, пренесува Ројтерс.
Студијата не утврдува кои биолошки или психолошки механизми се предизвикувачи на ваквите нарушувања, но е заклучено дека е потребно да се иницира ново истражување за да се утврди што ги предизвикува овие феномени, како да се спречат или како да се третираат медицински.
Врз основа на анализата на медицинските записи, откриено е дека повеќе од 236 илјади луѓе биле дијагностицирани со некаков невролошки или психијатриски проблем, односно кај дури 34 проценти од пациентите откако биле болни од Ковид-19.
Можеби ќе ве интересира
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“




