„И СО 50,5 ЌЕ СЕ ДОБИВААТ ОПОМЕНИ, СИ ИМА ПРАВИЛА ЗА ПРИЛАГОДЕНА БРЗИНА“: Мицкоски за “Безбеден град“
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2025 11:20
Премиерот Христијан Мицкоски го поддржува „Безбеден град“ и поддржува негово проширување на целата држава.
„Некои велат ќе донесе критика за владата и политички удар, јас сум подготвен на тоа, само да спасиме човечки живот. Само изминативе недела-две имавме 3 жртви, што повредени, што загинати, поради неприлагодена брзина и непочитување на сообраќајните правила. Јас во разговори со министерот за внатрешни работи реков подготвени сме да ги трпиме сите критики, гледаме поранешни пратеници од поранешното мнозинство СДСМ и ДУИ го критикуваат ова, возеле 52, 53, 55 и добивале опомена. И со 50,5 ќе добијат опомени бидејќи си има правила што значи прилагодена и неприлагодена брзина. И ако еден човечки живот успееме да спасиме, јас сум подготвен да ја понесам целокупната политичка одговорност“, рече Мицкоски.
Вели дека голем број од предупредувањата вчера се за неприлагодена брзина, поминување на црвено светло, но и многу нерегистрирани возила.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“
Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво





