15 Јануари, 2025
0.1542

И со блокирани сметки Субрата Рој ќе гради во Охрид, Владата веќе смени три закони за Индиецот?

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Судовите во Индија ги замрзнаа сметките на милијардерот Субрата Рој. Според пишувањата на индиските медиуми, замрзнати се сите сметки на фирмите на Сахара Груп, како и сметките и имотот на уште тројца директори, односно Vandana Bhargava, Рави Shanker Dubey и Ашок Рој Choudhary. Замрзнати се и и личните сметки и имот на Субрата Рој.

Сметките на милијардерот се замрзнати бидејќи Врховниот суд во Индија пресуди дека Субрата Рој, преку неговите компании измамиле неколку милиони граѓани со становите што ги продавале. Поради ова  Врховниот суд ја задолжи компанијата да го  врати долгот од 3 милијарди евра со 15 проценти камата за милионите измамени граѓани. Според судскиот налог компанијата на Субрата Рој требаше да ги врати парите во рок од три месеци, а на барање на компанијата дозволено било долгот да се врати на три рати. Сепак според пишувањата не медиумите во Индија, Сахара Груп ја платила само првата рата што е една само една петтина од долгот. Останатите две рати не се платени, поради што следувало замрзнувањето на сметките.

Во Македонија милијардерот Субрата Рој, најави изградба на луксузен туристички комплекс во Охрид, според кој Љубаниште ќе личи на Дубаи. Иако, проектот се уште не е официјален и не добил конечно одобрение, доброуптаени владини извори потенцираат дека ќе биде неопходна промена на многу закони во земјава за оваа инвестиција. Владата веќе скрои измени на дел од законската регулатива во земјава за која се толкува дека е сторена во интерес на Субрата Рој.

Додека жителите на Љубаништа стравуваат од експропријација – Владата го менува Закон за експропријација

Пратениците вчера ги изгласаа и измените на Законот за експропријација. Сега се предвидува дека во ситуација кога проценетата вредност на земјиштето кое е предмет на постапка за експропријација надминува 5 милиони, надоместокот се исплаќа во период до пет години. Доколку пак проценетата вредност на земјиштето надминува 20 милиони евра, надоместокот се исплаќа во период до осум години. Според новите правила на сопственикот на земјиштето ќе му се исплаќа и годишна камата, по фиксна каматна стапка еднаква на просечната каматна стапка на тримесечните државни записи (без девизна клаузула) постигната во изминатите 6 месеци кои ги издало Министерството за финансии на Република Македонија на домашниот пазар, стои во измените на Законот за експропријација. Овие измени се толкуваат како подготовка на теренот за инвестицијата на Субрата Рој, во Охрид, со оглед дека таму на индискиот милијардер му се понудија огромни парцели. По сето ова жителите на Љубаниште, стравуваат дека по пат на  експропријација земјиштето ќе им биде земено од државата во интерес на инвестицјата што ја најави Индиецот. Неодамна и охридскиот градоначалник Александар Петрески изрази стравување дека државата може да стави рака на имотите на Охриѓани и да направи нивна експропријација. Тој се сомнева и во вистинските намери на инвеститорот од Индија, односно убеден е дека во Љубаништа, наместо туристички комплекс ќе се градат приватни апартмани за продавање. Нов Закон за автокампови

Владата пред крајот на минатата година донесе нов Закон за автокампови во Македонија. Во Законот, пишува дека  „Изградбата и изведувањето на работите за основање и работење на автокамп е од јавен интерес“.

Ова предизвика бурни реакции во јавноста, бидејќи со прогласувањето на автокампот за јавен интерес, државата (согласно Законот за експропријација ) ќе може да одземе нечиј приватен имот заради изградба автокамп. Земјиштето на кое ќе се градат автокампови (сеедно дали е државно или одземено од приватни лица) ќе се продава по едно евро за квадратен метар.

Додека за пратенците од владејачката ВМРО ДМПНЕ со овој закон се регулира начинот за основањето автокамп, постапката за отуѓување на земјиште наменето за автокамп, како и условите кои треба да ги исполнат корисниците на автокамповите, пратениците од опозциската СДСМ , тогаш реагираа дека ова е криминален закон бидејќи е предвидено дека автокамп е јавен интерес, што значи дека на граѓаните може да им се одзема приватен имот и потоа државата да го продава по едно евро. Дополнително опозицијата посочува и дека овој закон се носи заради барањата  на индиецот Субрата Рој.

Измена на Законот за внатрешна пловидба - Аеродром на вода

Се донесе и Законот за дополнување на Законот за внатрешна пловидба, со кој се создава правна регулатива за функционирање аеродром на вода. Со предложените решенија  целосно се уредува обележувањето подрачје на аеродром на водена површина, начинот на полетување, слетување, маневрирање и оперирање во границите на аеродромот на таква површина, како и местата, начинот и условите за слетување на хидроавион вон аеродромот на водена површина.

 Медиумите изградбата на аеродромот на вода во Охридското езеро веќе ја поврзаа со интересот на Индиецот Субрата Рој за изградба на лукзузен хотелски комплекс во Љубаниште.

„ Аеродромот на вода во Охрид нема да се гради како цврста и бетонизирана  градба, туку станува збор за обележување на Охридското Езеро за да се воспостават одредени норми за полетување и слетување“, појасни министерот Миле Јанакиески, истакнувајќи дека се внимава максимално на еколошките стандарди со оглед дека Охридското Езеро е заштитено од УН ЕСКО.

                          

Можеби ќе ве интересира

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ДУРИ И НАЈСИРОМАШНАТА АМЕРИКАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СТАНЕ ПОБОГАТА ОД ГЕРМАНИЈА: Само малку заостанува зад германскиот БДП

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола

Поради снегот, исклучен блок 1 во РЕК Битола