ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ: Интервенцијата ќе трае неколку часа
Објавено во: Економија 15 Јануари, 2025
Управата за јавни приходи ја известува јавноста и даночните
обврзници дека, поради извршување на неопходни интервенции на системот
е-Даноци, денес 15.01.2025 година (среда), од 16:30 часот, истиот ќе биде
недостапен.
-Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци. Во периодот додека трае интервенцијата останатите системи на УЈП ќе бидат во функција и даночните обврзници непречено ќе може да поднесуваат пресметките за исплата на личен доход во е-ППД , вклучително и пресметки за плата (МПИН). Се предвидува интервенцијата да трае неколку часови, а по завршување на активностите системот е-Даноци повторно ќе биде ставен во функција. Апелираме до сите корисници на овој систем да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред започнување на интервенцијата, наведува УЈП во соопштението.
Според УЈП целта е усовршување и оптимизација на системот е-Даноци, за да се овозможи уште поефикасни и побезбедни услуги.