И средношколците ќе учат по „Кембриџ“, математика не сакаат само децата на СДСМ
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2016
Заменик министерот за образование Спиро Ристовски заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека догодина Кембриџ програмата ќе биде воведена и во средното образование и по овие принципи ќе се формира наставната програма и предметите кои ќе се изучуваат.
- Сега сме во подготвителна фаза да се објави повикот да се набават учебници за 113 предмети во средно стручно образование, за тригодишното, а паралелно работиме на подготовката кај четиригодишното. Во наредните три години, година за година, ќе се менуваат учебниците и во средно стручно. Тука станува збор за помала количина учебници, бидејќи се специфични области, и очекувам побрзо да оди и завршувањето на изборот и подготовката на учебниците. Нашата идеја е да бидат преземени и преведени. Согласно договорот што го нудиме, ќе ни бидат понудувани три странски учебници и кој од нив најмногу ќе одговара на наставната програма, тој ќе биде преземен. Ако се оди како што треба, во наредните 40 дена треба да излезе повикот, а во следната учебна година учебниците би биле целосно во употреба, рече Ристовски.
Спиро Ристовски не пропушти да ги прокоментира изборните ветувања на СДСМ за намалување на бројот на часови во основно и средно образование и фокусирање на математичките и јазичните вештини според кој оваа партија секогаш водела погрешни политики во образованието и дека деца на функционери на СДСМ протестирале против матетематиката да биде задолжителен предмет на државната матура.