18 Декември, 2025
0.3592

И СТУДЕНТИ ОД ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ СЕ ЖАЛАТ ЗА КАРТИЧКИТЕ - еден месец немаме одговор

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2020 16:34

Добивај вести на Viber

Не се само средношколците, туку и голем број студенти се уште немаат добиено ниту државни платежни картички, ниту одговори на нивните приговори што биле испратени на мејлот кој беше даден на веб страницата kupuvamdomasno.gov.mk.

До нашата редакција со реакција се јави студент од Правниот факултет од Скопје, кој, како што тврди, дури половината од студентите на тој факултет не ги добиле државните картички. 

„Според владината Уредба со законска сила, и нам студентит ни следуваат домшни платежни картички. Но, за жал, ние што сме втора година во отсекот Односи со јавноста, дури 25 до 26 студенти, ниту еден не нема во списокот. Притоа, имаме испратено приговори и преку факултетот, и мејл до Владата. Но, немаме никаков одговор, ниту сме ја добиле картичката еве веќе еден месец“, реагира еден од револтираните студенти. 

Веќе пишувавме дека голем број ученици од средните училишта во земјава се уште немаат добиено ниту картички, ниту одговори на нивните приговори.

Од Министерството за финансии за Фактор уверуваат дека сите граѓани кои исполнуваат услови, нема да бидат изоставени, и најдоцна до 18 јули, ќе ги добијт заслужените картички на сума од по 3.000 денри. 

Со овие картички намерата на државата е да им помогне на ранливите категории за полесно да ја пребродат корона кризата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска