И цената на лебот ќе оди нагоре?
Објавено во: Агробизнис 06 Октомври, 2012 13:37
Агробизнисмените од мелничко- пекарската индустрија порачуваат неколку мерки што треба да се применат за да не се дозволи поскапување на лебот. Едни сметаат дека државата треба да го стабилизира пазарот, со интервенција преку стоковите резерви. Некои од агробизнисмените велат пак дека државата треба да го олабави ограничениот увоз на брашно. До пред извесен период Македонија имаше воведно забрана за увоз на брашно, пред извено време се укина но како што велат мелничарите, повторно постојат ограничувања. Бидејќи цената на брашното во земјава е зголемана од 23,50 на 26,50 денари за килогра, мелничарите спасот го гледаат во дозвола за увоз на брашно од Србија, кое според нивните проценки е поефтино и би било начин да се запре поскапувањето.Засега никој не сака да шпеклуира, за колку проценти би се зголемила цената на лебот.
Но дел од поголемите агробизнисмени во мелничко-пекарската индустрија, тврдат дека не постои потреба од зголемување на цената на лебот. Според нивните пресметки, големите производители во овој бизнис и со сегашната цена на лебот ги покрваат основните трошоци, сега е проблемот за оние малите производители кои одат со пониски цени. Експертите велат дека Македонија секако ќе треба да увезе пченица, или од Бугарија или од Србија. Цената на пченицата во Србија сега се движи од 245 до 250 евра за тон, но за да ја извезат ќе треба да ја намалат за 20 до 30 евра. Мелничарите советуваат државата будно да ја следи ситуацијата, за да направи економичен увоз на пченица, но пред се на брашно.Кај нас сега цената на пченицата се движи од 14 до 15 денари за килограм, иако започна со 11 денари за килограм.
Оваа година житариците се посеаја на околу 96. 000 хектари. Проценките се дека на ниво на Македонија приносите поради сушата ќе бидат за околу 30% помали. Годишните потреби за пченица се движат до 300.000 до 330.000 тони, од нив околу 120.000 тони се покриваат од увоз, а оваа година поради сушата увозот може да биде и поголем. Во просек Македонија на годишно ниво троши повеќе од 10 милиони евра за узвоз на пченица и брашно.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





