КАКО ПОСРЕДНИК ИЗМАМИ КУМАНОВКА: И ветил плата од 1200 евра, останала со празни раце
Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2018 17:25
Посредник ветувал 1200 евра плата за готвач во Црна Гора, со 8 часа работно време, и еден слободен ден во неделата, но на крај работничка морала да работи по 16 часа дневно без слободен ден за плата од 400 евра.
Ова ѝ се случило на Маја Ј. од Куманово. Таа како и многу други луѓе за да се вработат во Црна Гора на посредникот му платиле по 50 евра. Но, кога стигнала таму увидела дека нема ништо од ветеното и дека не се исплати да се работи за таа плата.
„Додека бев таму јас побарав работа и на други места кај што слушнав дека има поголема плата. Но, кога oтидов да прашам ме изненади одговорот, цитирам „Вие сте од Македонија за вас платите се многу пониски“. Значи ако некој од Србија отиде да работи има двојно поголема плата, а ако сте од Македонија платите се двојно пониски. Ова е страшно. Се вратив назад по 10 дена. Кога побарав да бидам исплатена, за тие 10 дена, ми дадоа само 30 евра за да си го платам билетот до Македонија. Човекот што мене ме прати таму има измамено 300 луѓе. Мерки секако треба да се преземат за да се престане со манипулирање и измама на луѓето“- вели Маја Ј.
Случајот е пријавен во полиција, а измамникот во повеќе наврати искористил луѓе ветувајќи им работа во странство.
Донка Спасовска, генерален менаџер во Агенцијата за посредување при вработување Хоризонт од Скопје вели дека луѓето треба да бидат внимателни, и во текот на интервјуата за работа да се запознаат која е компанијата каде ќе работат, да истражат детали за неа на интернет и да бидат сигурни дека понудата е сериозна.
„Да се види договорот, референциите, повеќе фактори се важни. Апсолутно посигурно е да се отиде во странство преку агенција отколку на своја рака. Не дека сите посредници се измамници, но има и такви. Сум имала искуство со луѓе кои отишле да работат во Германија и по месец дена не биле исплатени и тоа беше група од 12 работници“- вели Спасовска.
Таа додава и дека мора да се биде реален во однос на платите кои се нудат, а конкретно за Црна Гора вели дека не нудат плати од 1200 евра, туку околу 400 зависно од секторот.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




