И ЗООЛОШКА ГРАДИНА НА ТАПЕТ НА ИЗМАМНИЦИ: некој организира наградна игра во нивно име, надлежните апелираат „пријавете“
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2024
Измама преку социјалните мрежи во кои е вклучена Зоолошката градина во Скопје, откриваат од таму. Преку нивниот Фејсбук профил предупредуваат дека се појавила лажна страница со нивното име, која организира наградни игри, за кои напоменуваат дека се неверодостојни.
- ВНИМАНИЕ
Се појави лажна страница која под име ZOO Skopje „организира" наградни игри во име на нашата установа и истите не се веродостојни.
Внимавајте, затоа што се очигледно се работи за таканаречена phishing страница, која има за цел да ви собере лични податоци.
ЈУ Зоолошка градина Скопје нема никаква врска со оваа лажна страница и затоа ве замолуваме доколку сте во можност да ја пријавите како измама ( Стиснете на report page) - напоменуваат од Зоолошката објавено на Фејсбук.
Еве ја објавата:
Фото: Принтскрин/Твитер