„СЕКОЈ НОВ ДЕН Е НАША ГОРДОСТ“: градоначалникот на Кисела Вода со емотивна објава, и премиерот на прослава
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2024
Убав повод за славење во домот на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски.
Тој на својот Фејсбук профил сподели фотографии од прославата, но забележиво е што на истата присуствуваше и премиерот Христијан Мицковски со сопругата.
Радосниот татко, на Фејсбук сподели дека се славел роденденот на неговиот син, Ведран.
- Сине, денот кога ти се роди, беше најважниот ден од мојот и во животот на мајка ти.
Како растеш, секој ден со тебе е наша нова авантура.
Секој нов ден е наша гордост.
Ние ќе бидеме секогаш тука за тебе, прва наша љубов.