Иако примиле вакцина, штитеници во дом за стари лица се заразиле со британскиот сој
Објавено во: Свет, Корона Вирус 08 Февруари, 2021
Во дом за стари лица во Германија, луѓето се заразиле со новиот сој на коронавирусот, иако биле вакцинирани.
Штитеници во домот за стари лица Санкт Мариен во германскиот град Белм се заразиле со британската мутација на коронавирусот откако ја добиле и втората доза на вакцината на Фајзер/Бионтек. Домот целата криза со коронавирусот ја поминал без заразени, сè до почетокот на февруари, кога е утврдена британската мутација, дури и меѓу ревакцинираните штитеници. Сите во тој дом биле ревакцинирани, но откако секојдневниот брз тест кај една негувателка бил позитивен, било утврдено дека и 14 штитеници се заразени со британската мутација. Сите штитеници ја примиле втората доза од вакцината на Фајзер/Бионтек на 25 јануари и не е јасно кога се заразиле. Тие немаат тежок облик на болеста и претежно се асимптоматски. Сличен случај имаше и во Италија. Во старечки дом во провинцијата Модена откриено е дека 21 лице се заразиле со новиот сој на коронавирусот и тоа по вакцинацијата на целиот персонал и на штитениците.
Приказната за вакцинацијата во ЕУ, иако не е започната интензивно, сега се разгледува животот по вакцинацијата и можноста за воведување на одредени придобивки за оние кои се вакцинирани, но и за ограничување на некои работи за оние кои одбиваат, како што спомена германската канцеларка Ангела Меркел.
Британскиот сој важи за попродорен, а веќе е декетирани и кај 45 лица во Македонија.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.