ИБМ: Македонија лидер во регионот во новосоздадени работни места
Објавено во: Економија 22 Декември, 2012 16:53
Добри вести за Македонија во најновиот годишен извештај на ИБМ “Глобал локеишн трендс - 2012”, кој ги анализира глобалните трендови во економијата.
Во последниот извештај, државава има значаен напредок според создадени работни места по жител (пораст 271%) во однос на лани, со што се најде пред земјите од регионот. Според бројот на создадени работни места во 2011 година на 100 000 жители, пак, земјата е рангирана на девето место и влегува во групата земји како Британија, Бугарија, Белгија, Мексико.Во однос на трендовите се забележува поместување на инвестицискиот фокус, од Централна кон Југоисточна Европа. Овде Македонија и Србија бележат значителен раст на странски инвестиции за разлика земјите како Полска, Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија, кои забележуваат пад на странските директни инвестиции.
Имаку во делот на странски инвестиции во Македонија се издвоенјуваат секторите како електроника и електронска опрема, текстилната и фармацевската индустрија.ИБМ “Глобал локеишн трендс - 2012 издава меѓу 35 и 50 студии и анализи секоја година, а има свои канцеларии на скоро сите континенти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





