23 Јануари, 2025
0.1273

Ибрахими: Потребно е време, но ќе се реши проблемот на осигуреници во вториот пензиски столб

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Mинистерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими вели дека никој од граѓаните коишто биле префрлени од првиот во вториот пензиски столб и на тој начин имале финансиски штети нема да остане оштетен, иако, како што посочува, материјата е комплексна и бара повеќе време за да се излезе со прецизни податоци и конкретни решенија.

Откако се јави одреден број граѓани кои по воспоставувањето на двостолбниот систем биле префрлени од првиот во вториот столб и на таков начин претрпеле финансиска штета, МТСП најави дека ќе направи анализа и ќе понуди одредени решенија.

– Станува збор за доста комплексна материја. Сега работиме на вкрстување на податоците. Онаму каде што имаме совпаѓање значи тука е лесно, решливо, меѓутоа онаму каде што имаме различитост во податоците, на пример оние коишто се од Фондот за пензиско и пензиските друштва и МАПАС, тука веќе мора да работиме на секој поединечен случај. Впрочем и кај овие вкрстувања секое лице коешто остварува пензија коешто е влезено во вториот столб е посебна приказна. Дали е, на пример, корисник на бенефициран стаж, бидејќи ако е корисник на бенефициран стаж уште покомплексен е случајот, значи сепак мора да се пресмета дали е лице од АРМ, дали е рудар, дали е возач, бидејќи секој има 12, 15, бенефициран стаж и секој случај поединечен. Затоа на тимот му треба малку повеќе време отколку што првично беше замислено за да излеземе со прецизни податоци и да дадеме конкретни решенија како да се надмине проблемот, вели министерот Ибрахими во интервју за МТВ.

Особено, како што вели, го радува добрата волја на пензиските друштва кои управуваат со средствата од вториот столб.

– Тоа ни дава мотив и буквално кажува дека она што, доколку било изгубено нешто, луѓето нема да бидат оштетени. Јас гарантирам дека нема да бидат оштетени, лично им гарантирам како министер за труд и социјална политика, истакнува Ибрахими.

Одговарајќи на прашање кој ги натерал овие луѓе да го направат тоа и да се префрлат во вториот пензиски столб, наместо да останат во првиот министерот Ибрахими вели дека првичните сознанија се оти вината е и кај самите лица коишто потпишале договор, меѓутоа  дека дел има и кај агентите кои не им ја прикажале состојбата дека ќе бидат оштетени, дека префрлувањето не е полезно за нив.

– Меѓутоа не треба да бараме сега кој е крив, туку да најдеме соодветно решение за да лицата не бидат оштетени. И она што е како добивка што треба да остваруваат да го вратат назад, вели министерот за труд и социјална политика во интервјуто.


Можеби ќе ве интересира

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

КАВАДАРЦИ: Ќерка ја нашла мајка си мртва со повреди

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато

ДОНИРАЈТЕ: Да му помогнеме на Марко да замине на операција во Турција

ДОНИРАЈТЕ: Да му помогнеме на Марко да замине на операција во Турција

На полицајка и „снемало“ автоматска пушка во Карпош

На полицајка и „снемало“ автоматска пушка во Карпош

СВЕДОК ВО СЛУЧАЈОТ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Се пријавил во полиција за пожарот подметнат во кафуле

СВЕДОК ВО СЛУЧАЈОТ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Се пријавил во полиција за пожарот подметнат во кафуле

НЕСПОРЕН Е ФАКТОТ ДЕКА ИМАМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ КОЈ ЗАГИНА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА: Митева за потребите да се купи нов авион, ги спомена ризиците

НЕСПОРЕН Е ФАКТОТ ДЕКА ИМАМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ КОЈ ЗАГИНА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА: Митева за потребите да се купи нов авион, ги спомена ризиците

Малолетничка тешко повредена во сообраќајна незгода во Скопје

Малолетничка тешко повредена во сообраќајна незгода во Скопје