18 Декември, 2025
0.0439

ИД бара 200 милиони долари или најави дека ќе убие двајца киднапирани Јапонци

Објавено во: Свет 20 Јануари, 2015 10:21

Добивај вести на Viber

Џихадистите од Исламската држава објавија видео снимка, на која бараат да им бидат исплатени откупнини во висина од 200 милиони долари  во наредните 72 часа или во спротивно ќе убијат двајца Јапонци кои ги држат како заложници. Снимката на која припадник на Исламската држава бара откуп за киднапираните Јапонци е објавена на вебстрана на бунтовниците поврзани со исламската држава. На снимката се гледаат двајца заложници во портокалови костими, а екстремистите ги идентификуваат како Кенџи Гото Џого и Харун Јукав. Мажот кој бара откуп звучи како британскиот државјанин кој и претходно се појавуваше на видеоснимките на кои беа обезглавени голем број заложници кои беа коднапирани од страна на Исламската држава и која во моментов контролира една третина од ирачката и сириската територија, пренесува „АП“. Тој во своето обраќање нагласил дека Јапонците биле грабнати поради поддршката на воените акции на Западот против Исламската држава. „Гордо дониравте 100 милиони долари за убивање на нашите жени и деца, за уништување на муслиманските домови“, рекол бунтовникот на видеозаписот. Припадниците на Исламската држава претходно убиваа заложници од Западот, но овој пат се закануваат дека ќе убијат Јапонци. Јапонски претставници се уште не ја коментирале оваа видеопорака.  

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“