ИЏЕТ МЕМЕТИ ПРИЗНАЛ ВИНА И ПОДНЕЛ ОСТАВКА ОД ФУНКЦИЈАТА ЧЛЕН НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, ТОЈ ПОТВРДИ: „Точно е, оставката ја поднесов од лични причини“
Објавено во: Македонија 14 Август, 2024 14:56
Иџет Мемети, член на Советот на јавни обвинители, си поднел оставка од таа функција.
Како што е познато, Мемети беше осомничен во случајот за примање поткуп заедно со судијата Наќе Георгиев.
Инаку, оставката на писмено е доставена до Собранието и до републичкиот Совет на јавни обвинители.
Мемети за Фактор ја потврди оваа информација.
„Да, точно е дека поднесов оставка до Собранието“, ни рече Мемети.
На нашето прашање кои се причините за тоа, Мемети вели дека станува збор за лични причини.
„Станува збор за лични причини. Мое лично убедување е дека требаше да поднесам оставка“, ни рече Мемети.
Според информациите на Телма, пак, Иџет Мемети признал вина и се спогодил со обвинителството за условна осуда. Тој беше осомничен за примање награда за против законито влијание, за што Кривчниот законик предвидува од 1 до 5 години затвор.
Заедно со провосомничениот, врховниот судија Наке Георгиев беа осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана.
Како што пишуваше Фактор во 2020 година, Иџет Мемети претходно 16 години раководеше со престижна државна институција Народен правобранител, а по двата мандати од по осум гоидини, не чекаше воопшто за да си најде нова и добро платена работа. Тој стана еден од членовите на Советот за јавни обвинители, тело што го следи работењето на сите обвинители во државата.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




