ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2025 09:27
Отворање на новиот, модерен ЏАМБО маркет во рамките на новоотворениот „Gevgelija Mall“ ја позиционира Гевгелија на мапата на современи шопинг дестинации во регионот. За значењето на оваа инвестиција, уникатниот концепт кој комбинира семејно искуство и практичност, како и идните планови, разговараме со Петар Денковски, генерален директор на ВЕРО и Џамбо маркетите во Македонија.
Господине Денковски, деновиве Гевгелија е во фокусот на јавноста со отворањето на новиот современ трговски објект, каде е сместен и новиот Џамбо маркет. Што претставува ова отворање за компанијата и како се вклопува во вашата долгорочна стратегија?
Ова е навистина значаен момент за нас, бидејќи пишуваме ново поглавје во нашата деловна приказна. Оваа инвестиција доаѓа како природен и логичен след на исклучително успешните приказни кои компанијата веќе ги изгради во Скопје, Тетово, Куманово и Битола. Со маркетот во Гевгелија, не само што го реализираме ветеното пред македонските потрошувачи за континуирано проширување на модерната продажна мрежа низ целата територија, туку и јасно ја потврдуваме својата цврста позиција на сериозен странски инвеститор. Овој стратешки потег е најава за наше многу посилно присуство во југоисточниот регион, каде наскоро планираме да стартуваме и со други инвестиции. Ние цврсто веруваме во потенцијалот на домашниот пазар и преку вакви капитални проекти активно вложуваме во неговиот напредок, правејќи ги нашите долгорочни стратешки планови реалност.
За нас Гевгелија не е само локален центар, таа е економска порта на државата. Нашите планови се вклопија во визијата на инвеститорот на трговскиот центар, затоа што анализите покажаа дека на овој регион му недостасуваше токму ваков тип на организирано шопинг искуство. Влеговме во инвестицијата со двојна цел, првенствено да им понудиме на гевгеличани модерно шопинг искуство, но и да го искористиме потенцијалот на прекуграничната соработка. Очекуваме овој објект да биде привлече локални купувачи во овој регион, посетители од соседна Грција, кои се традиционално лојални на брендот Џамбо, но патниците кои транзитираат низ коридорот 10. Со ова, Џамбо во Гевгелија станува повеќе од продавница – станува регионален шопинг хаб.

Објектот изгледа импресивно и има модерен концепт. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за капацитетот и што точно ќе можат да најдат купувачите во него?
Новиот продажен простор се простира на импресивна површина од 3.000 метри квадратни и е дизајниран и уреден според највисоките стандарди за да понуди врвно шопинг искуство за целото семејство. Посетителите имаат ексклузивен пристап до богат асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи играчки, декорации, производи за домот и сезонски изненадувања. Концептот доследно го следи нашиот препознатлив идентитет и слоганот „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“, но во Гевгелија нудиме и значајна додадена вредност. Како посебна новина, во рамките на маркетот интегриравме и широко препознатлив асортиман од брендот ВЕРО. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите уникатна привилегија – да ги задоволат сите потреби за домаќинството на едно место, штедејќи драгоцено време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.
Сакавме денот на отворањето да прерасне во вистински празник, а декември е месецот кога магијата на Џамбо најмногу доаѓа до израз. Организиравме целодневна семејна атмосфера исполнета со богата забавна програма. Свеченото отворање беше закажано точно на пладне, паралелно со отворањето на самиот трговски центар „Gevgelija Mall“. Посебно внимание посветивме на најмладите, со маскоти, цртање на лице и игри. Сликата од отворањето беше исполнета со насмевки и детски џагор, а посетеноста во овие први денови ги надмина дури и нашите најоптимистички очекувања, што ни покажува дека Гевгелија навистина го чекаше овој бренд.
Во Гевгелија првпат внесовте новина во концептот на Џамбо преку интегрирање на асортиман од ВЕРО во маркетот. За каков концепт станува збор?
Токму така, тоа е една од новините на кои сме особено горди. Како посебна иновација, во рамките на маркетот интегриравме и широко препознатлив асортиман од брендот ВЕРО. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите уникатна привилегија да ги задоволат потребите за домаќинството, грицки, пијалаци и основни намирници на едно место, додека пазаруваат за домот или избираат подароци. Идејата е да штедиме драгоцено време на нашите купувачи, нудејќи им го квалитетот на двата силни бренда под еден покрив.
Често истакнувате дека Веро и Џамбо се општествено одговорни компании. Каков е конкретниот економски импулс што оваа инвестиција го носи за градот?
За нас, успехот не се мери само преку ширењето на квадратурата. Со оваа инвестиција директно ја стимулираме локалната економија преку отворање на нови работни места и инвестирање во човечкиот потенцијал. Вработивме тим од локалната заедница кој помина низ соодветни обуки. Нашата визија е овој објект да функционира како силен регионален магнет. Кога купувачите доаѓаат во Џамбо, тие трошат и во останатите објекти во градот, со што значително се зголемува економскиот проток и се зајакнува статусот на Гевгелија како трговска дестинација.
Најавивте дека динамиката на развој не запира тука. Кои се вашите следни чекори?
Со големо задоволство можам да најавам дека нашата успешна експанзија ќе продолжи и во текот на следната година со планираното отворање на нов, современ маркет во Струмица. Со тој чекор, планираме целосно да го заокружиме присуството на брендот во Југоисточниот регион, продолжувајќи ја нашата мисија да бидеме што поблиску до своите потрошувачи. Тоа ќе биде уште една потврда за нашата посветеност кон македонскиот пазар.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




