19 Декември, 2025
0.0594

Игор Спасов е седмиот бегалец кој и избега на власта во странство?

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2019 20:40

Добивај вести на Viber

Додека македонските извршни и правосудни органи си ја префрлаат топката за тоа кој е виновен за бегството на осуденици поврзани во политички контекст, Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски, се уште не е лоциран од полицијата.

За две години, досега седуммина кои се соочиле со кривична одговорност успеале да ја напуштат државата. Последен во низата е поранешниот припадник на полициските сили Спасов, кој 14 месеци беше на слобода поради лошо здравје но наместо по лекувањето да се врати во Идризово, му се изгуби трагата

Одговорност за тоа нема. Вината во јавноста со изјави и дописи постојано си ја префрлаат полицијата, судот и затворите Наскоро пак се навршува една година од бегството на екс премиерот Никола Груевски. Надлежните засега не утврдија како Груевски ја напуштил државата и пристигнал во Унгарија.

Бегалци од правдата кои се бараат со потерница се и Никола Војминовски кој се бараше да одговара за обид за убиство на Зијадин Села од собраниските настани на 27 април.Во оваа низа е и Дејан Давидовски Дешо, кој избега во Шведска. Тој е обвинет за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година. 

За судските власти недостапни се и поранешните началнци во УБК, Никола Бошковски и Горан Грујевски кои се наоѓаат во Грција.

Тука е и Волфганг Гампер, управителот на „Секјуриком“ од Австрија кому требаше да му се суди за наместен тендер за одржување на Владата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот