27 Јули, 2024
0.0330

Игор Стефановски-Иџе ќе се бори за нова европска титула со силна поддршка од „Макпетрол“

Објавено во: Мои пари 10 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Европскиот шампион во ридско-планински патеки за сезоната 2023, Игор Стефановски-Иџе, со силна поддршка од „Макпетрол“ ќе се бори за четвртата титула во ова натпреварување на Светската автомобилистичка федерација (ФИА). Македонскиот спортист и лидерот на пазарот со нафта и нафтени деривати имаат успешна долгогодишна соработка. Нејзиното продолжување се реализира во рамки на стратешките приоритети на компанијата - општествената одговорност.

- Несомнено, за успеси во кое било поле е потребно да се поседува талент, знаење и искуство, но исто толку важно е и да се обезбеди поддршка, да се создадат услови во кои што сите овие карактеристки би можеле и во пракса да се реализираат. Еден од нашите приоритети како компанија е токму тоа, да им дадеме поттик, да овозможиме поткрепа која што би довела до врвни резултати. Спортот, во неговите најразлични форми, е активност во која што безмалку сите наоѓаме задоволство, без разлика дали како учесници или како гледачи и навивачи. Затоа, како и досега, ќе продолжиме да ги поддржуваме луѓето од Македонија кои што нè прават особено горди со успесите што ги остваруваат во најсилните светски натпреварувања - вели Марија Јосифовска-Спасовска, членка на Управниот одбор и директор во „Макпетрол“.

Автомобилскиот шампион Игор Стефановски-Иџе годинава ќе учествува на 10 трки за кои што се пријавени над 250 натпреварувачи. Европскиот шампионат во ридско-планински патеки на ФИА ќе биде отворен на 14 април во Франција, а ќе заврши на 17 септември во Хрватска. Останатите земји во кои што ќе се одржи ова натпреварување се: Австрија, Шпанија, Португалија, Чешка, Италија, Полска, Швајцарија и Словенија.

- Ова долгогодишно партнерство ми дава сигурност. Тоа е исклучително значајно, затоа што, најпрво, ми овозможува максимално да се сконцентрирам и да се посветам на подготовките, а потоа и на самите трки, да го вложам сиот напор и искуство за да остварам што подобар резултат. Шампионската титула секогаш е највисоката цел. Дефинитивно, патот до неа не е лесен, напротив, бара дисциплина, ангажман и лично вложување, а токму истото низ годините го добивам и од „Макпетрол“ -  вели Стефановски за соработката со македонската компанија.

Откако ги освои титулите во 2014 и во 2015 година, Иџе и во 2023 година се закити со титулата европски шампион на ридско-планинските патеки. Тој победи на седум од 10 трки и во текот на целата мината сезона беше најдоминантен споредено со останатите учесници.

Игор Стефановски-Иџе во 2001 година го имаше своето деби на македонскиот шампионат во кружни автомобилистички трки. Ова натпреварување тој го освои во 2004, а до 2013 се закити со уште осум титули на домашен терен. Во 2014 и во 2015 Иџе беше најдобар на европскиот континент во ридските натпреварувања, подвиг којшто, со поддршка од „Макпетрол“, го повтори и во 2023 година.


Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје