28 Ноември, 2024
0.0301

ИГРИТЕ НА СРЕЌА СЕ АСПОЛУТЕН ЛИДЕР ПО БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Индустријата игри на среќа е една од најбрзо растечките економски гранки во светот. Северна Македонија не е исклучок од ваквите трендови. Вкрстувањето на повеќе економски податоци укажува дека во приватниот сектор апсолутен лидер по бројот на вработени се компаниите кои организираат и приредуваат игри на среќа во казина, автомат клубови и обложувалници. Фактите потврдуваат дека во сите форми на приредувачи на игри на среќа се вработени речиси 10 илјади луѓе, индиректно се подржуваат меѓу 54 и 100 илјади други работни места од дејности кои остваруваат профит токму благодарение на игрите на среќа. За илустрација, бројката на вработени во игрите на среќа е еквивалентен на вкупниот број на жители во Берово и Пехчево, два цели града во источна Македонија. Статистички погледнато овие бројки упатуваат на заклучокот дека сметано со број на членови во едно просечно семејство во државата може да се каже дека без малку 200 илјади луѓе имаат директен или индиректен бенефит од индустријата игри на среќа. Не смее да занемарува податокот дека работодавците во автомат клубовите и казината исплаќаат плати за вработените и придонеси од работен однос, со двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и работење во смени бидејќи работното време е 24 часа, 7 дена во неделата.

Само Групацијата Новоматик Македонија на која припаѓаат Казино Фламинго во Скопје и Гевгелија, автомат клубовите Адмирал, Астра и Апекс, светски гиганти во индустријата игри на среќа, странски инвеститори од Република Австрија, вработува 2100 луѓе, што е повеќе од Џонсон Мети Македонија, па дури и од нафтениот гигант Макпетрол. Важно е да се напомене дека во индустријата игри на среќа работат високо профилирани кадри кои поминуваат врвни обуки и сериозно се инвестира во нивната професионална надградба што ги прави конкурентни на пазарот на работна сила во ЕУ и светски рамки. Групацијата Новоматик Македонија е присутна на македонскиот пазар веќе 17 години и досега има инвестирано 124 милиони евра и дополнително е во процес на тековни инвестиции во вредност од 30 милиони евра. Со долгорочните договори за закуп на деловни простории за автомат клубови директно се остварува позитивно влијание и во пазарот со недвижности. Компаниите од Групацијата Новоматик манифестираат висок степен на општествена одговорност преку многубројни донации во јавното здравство, образовниот сектор, хуманитарни и донаторски активности, спонзорства на домашните спортски клубови и поединечни спортисти. Доволно е само да се спомене дека за време на Ковид пандемијата Казино Фламинго хотелот во Гевгелија беше отстапен за карантин, а целата Групација Новоматик Македонија донираше болнички кревети и други медицински средства во јавното здравство во висина од 200 илјади евра. Истовремено, нивните постојани маркетиншки кампањи се значителна поддршка за македонските медиуми.

Целата индустрија игри на среќа годишно приходува 280 милиони евра во државниот Буџет, што ако ја земеме буџетската проекција на Министерството за финансии за 2023 година, тогаш овие приходи зафаќаат 6 проценти Буџетските планирани приходи. Приредувачите на игри на среќа плаќаат посебна давачка во вкупен износ од 23 проценти, од кои 1,5 проценти одат за потребите на јавното здравство, 1,5 проценти се слеваат во Агенцијата за млади и спорт, додека со другите 20 проценти располага Министерството за финансии. Приредувачите на игрите на среќа плаќаат и дополнително годишен надомест за секоја издадена лиценца која во строго дефинирана законска процедура им ја издава Министерството за финансии, а конечно ја одобрува Владата. На ова се додава и обврската за годишен данок на добивка по стапка од 10 проценти, плус 15 проценти данок за секоја остварена добивка од играње игри на среќа. Државниот Буџет се полни од игрите на среќа и преку оданочување на закупнини за деловни простории, ДДВ преку купување опрема, мебел, надоместоци за струја и давање угостителски услуги, за кое приредувачите се исклучени да бараат поврат. Само од годишните приходи од игрите на среќа секоја година во различни општини во Северна Македонија може да се градат десетици најмодерни градинки, училишта, болници и спортски комплекси.

Без разлика дали некому му се допаѓа или не, неспорен факт е дека игрите на среќа се сериозен двигател за македонската економија и најголем работодавач во приватниот сектор. И тоа не е случај само во Северна Македонија, туку речиси во целиот регион. Оттука, секоја Влада треба со особено внимание да го регулира овој економски сектор бидејќи секоја радикална промена ќе доведе до застрашувачки економски последици.

ПР Објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА