17 Декември, 2025
0.0506

IKEA и се е можно

Објавено во: Свет 29 Јануари, 2015 08:11

Добивај вести на Viber

IKEA, најголемиот производител на мебел во светот, во средата објави дека растот на продажбата помогна да се зголеми нето добивката за фискалната 2014 година. Побарувачката во Северна Америка останало високо, а тоа во Европа продолжува да се опоравува. Пазарот на евтини мебел кои корисниците ги составуваат сами дома, ужива рекордни приходи и зголемување на профитот, бидејќи корисниците на многу клучни пазари, вклучувајќи и во Европа, се вртат кон поевтините производи поради забавување на економијата. Нето добивката на компанијата се зголеми за 0,4% до 3,33 милијарди евра во фискалната 2014 година, која заврши на 31-ви август. Приходите нејзини пак достигнаа рекордни 29,29 милијарди евра, откако една година порано беа 28,5 милијарди евра. Сепак зголемувањето на трошоците поврзани со програмите за назначување, и големото намалување на цените во однос на фискалната 2013 година, влијаеше негативно на оперативната добивка и профитна маржа. "Северна Америка се претстави добро и иако предизвиците пред економската ситуација може да не се завршени, Европа продолжува да покажува подобрувања", посочува IKEA. "Особено добар знак беше растот на повеќето од земјите во Југоисточна Европа, каде Португалија покажува добри резултати и ситуацијата во Шпанија се подобрува прилично брзо ". IKEA, која остварува поголем дел од продажбата во Европа, изјави дека постигна раст на речиси сите свои пазари, а најбрз раст забележува во Кина, Русија и Унгарија. "Фискалната 2014 година беше добра за IKEA. Среќен сум да видам зголемување на продажбата во продавниците, отворањето на нови продавници, како и на онлајн продажбата", изјави главниот извршен директор на фирмата Петер Агнефел. Во периодот септември 2013 - август 2014 година IKEA отвори 12 нови продавници во 10 земји, вклучувајќи го и својот прв трговски објект во Хрватска, како и својата прва продавница во центарот на Хамбург. Во декември компанијата го отвори својот прв трговски објект и во Јужна Кореја. Производителот на мебел инвестираше 1,7 милијарди евра во продавници, фабрики, обновлива енергија и центри за шопинг. Во моментов тој има 315 продавници во 27 земји. Посетите на сајтот IKEA.com се зголемиле за 15 отсто во фискалната 2014 година до над 1,5 милијарди, додека посетите во нејзините продавници скокнаа за 4,7% до 716 милиони. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“