02 Декември, 2024
0.1717

ИЛИ ЧЛЕНСТВО ВО НАТО ИЛИ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ: Зеленски жали што го дадоа оружјето на Русија во 1994 година

Објавено во: Свет 18 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски жали што во 1994 година Украина ѝ ги врати оружјата на Русија. 

Зеленски изјави дека Украина би можела да бара нуклеарно оружје доколку не ѝ се даде членство во НАТО. 

„Или Украина ќе има нуклеарно оружје, кое ќе служи како заштита, или мора да биде дел од некаков сојуз. Освен НАТО, не знаеме за толку ефективен сојуз“, рече претседателот на Украина. 

Зеленски додаде дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп се согласил дека е „фер аргумент“ Украина да бара атомско оружје при нивната неодамнешна средба во Соединетите Американски Држави, пишува „Дејли Телеграф“.

Украина го наследи третиот најголем нуклеарен арсенал во светот, проценет на неколку илјади нуклеарни боеви глави, кога Советскиот Сојуз се распадна во 1991 година. Но, земјата ѝ ги предаде нуклеарните оружја на Москва три години подоцна.

Казахстан и Белорусија исто така го предадоа нуклеарното оружје што го наследија по распадот на Советскиот Сојуз.

Северна Кореја почнала да испраќа војници да се борат со Русија против Украина, објавија јужнокорејските разузнавачи, што доаѓа ден откако Володимир Зеленски предупреди дека 10.000 војници од Северна Кореја наскоро би можеле да се вклучат во војната во Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото