Илија Димовски до Еди Рама: Како би било ние да ја отвориме границата само за Македонците од Албанија
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2020 15:03
Пратеникот Илија Димовски реагираше на одлуката што ја соопшти премиерот на Албанија, Еди Рама, од 1 јуни да ги отвори границите на земјата, но само за етничките Албанци од Македонија, Косово и Црна Гора. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ наедно ги повика и албанските партии од Македонија да се произнесат негативно на ваквото непопуларно решение.
„Лудило од 19-ти век. Еди Крстач Рама и неговото право. Доколку на ваква постапка од страна на Албанија нема сериозна и одговорна постапка од страна на Владата на Република Македонија и сите фактори во државата (вклучително и партиите на Албанците) тогаш ние не сме држава, туку сме случајна територија со случајни граници, население и изгубена власт...
Ова е дискриминација по етничка основа спрема граѓаните на Република Македонија. Нашиот Устав ја обврзува Владата да се грижи за еднаквоста на сите без разлика на етничка, верска или било каква разлика. Односот на Албанија е непочитување на нашиот ред и поредок и нашата уставна еднаквост. Република Македонија има обврска да се погрижи другите држави да ги третираат македонските граѓани еднакво“, реагира Димовски.
Тој за ваквиот потег на албанската влада повлече паралели со слични ситуации кои би можеле да се случат во регионот.
„Дали тоа треба да значи дека ние како Република Македонија имаме право да донесеме одлука дека од Албаније ќе влегуваат само Македонци или замислете (лудило) од Косово да влегуваат само Срби.
Или да донесеме одлука дека од Косово ќе ги примаме само кога идат во шопинг, но не и за други потреби.
Или замислете сега Бугарија да дозволи само влез на оние со бугарски пасош. Тоа би бил патот кон 19-ти век. Ако на ова не реагираат ДУИ, Алтернатива, Алијанса и Беса, тогаш еднаквоста која ја бараат е само покритие со убави зборови Да потсетам дека пред неколку дена Србија, Бугарија и Грција отворија граници и направија коридор прескокнувајќи не нас“, напиша Димовски.
Утре на Комисијата за заразни болести една од главните теми ќе биде и отворањето на границите. Министерот за здравство Венко Филипче минатата недела неколку пати истакна дека е рано за отворање на границите.

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




