19 Декември, 2025
0.0470

Илија Димовски: Уставот не дозволува осум Албанци заменици-министри, а само шест Македонци

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2020 12:14

Добивај вести на Viber

Илија Димовски, поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, напиша дека Владата ја предводи ДУИ со премиер од СДСМ, откако беше објавена предлог-листата за заменици-министри доставена до Собранието. Како што вели тој, уставно е недозволиво да има осум заменици Албанци и само шест Македонци, во ситуација кога заедно со премиерот Владата има 12 Македонци и осум Албанци министри.

„Како темелна вредност на државното уредување Уставот на Република Македонија во член 8, алинеја 2 вели и гарантира: "Соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа."

Во оваа уставна норма има заштита за сите, па и за Македонците и помалите етнички заедници. Составот на Владата е спротивен на Уставот на Република Македонија.

Ако сакаме европски вредности, треба да ги почитуваме еднакво за сите, не само за себе.

Во составот на новата Влада има:

1. Членови (Претседател на Влада и министри): 12 Македонци, 8 Албанци

2. Заменици членови (заменици министри): 8 Албанци, 6 Македонци, 2 Турци

Вкупно: 18 Македонци, 16 Албанци, 2 Турци

Процентуално:

50% Македонци - значително помалку од уставно потребното;

44,44% Албанци - значително повеќе од уставно потребното (на штета на другите);

5, 55% други (само 2 Турци) - дупло помалку од уставно потребното (нема Роми, Срби, Бошњаци и Власи).“, напиша Димовски во дел од својот статус на Фејсбук.

Тој на вицепремиерот Артан Груби му предлага ДУИ да покажат големина и на местата на четири членови или заменици членови на Владата да ги повлечат своите партиски кадри и да предложат по еден од помалите заедници кои не се претставени во Владата.

„ДУИ да предложи по еден Влав, Србин, Бошњак и Ром и на тој начин ќе ја обезбеди рамноправната застапеност на помалите етнички заедници.

На СДСМ не им предлагам ништо, зошто оваа Влада секако е Влада на ДУИ со Премиер од СДСМ“, додава Димовски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот