19 Декември, 2025
0.0599

Илир Демири испрати ургентно барање до Владата: Итна замена на компресорската станица!

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2024 15:30

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Илир Демири испрати ургентно барање до Владата итно да се замени компресорската станица и инсталацијата за гасови за хируршките сали на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Претходно беше објавено дека поради непозната лоша миризба што доаѓа од инсталацијата морало превентивно да се затворат хируршките сали. Демири пред два дена на прес-конференција рече дека компресорската станица е стара 30 години и дека мостри се испратени во Германија за да се испита од каде доаѓа таа миризба и дали е опасна.
„Поради новонастанатата ситуација и прекин на функционирањето на хируршките сали на ниво на Клинички центар, министерот за здравство д-р Илир Демири побара итно и неодложно да се пристапи кон променување на компресорската станица и инсталацијата на истата како и сите попратни елементи за непречено и континуирано функционирање на хируршкиот блок.

„Напоменувам, се работи за живот на луѓето и се работи за државен интерес. Како министер за здравство замолувам и се надевам дека ќе имаме разбирање за истото, иако сум многу свесен дека се наоѓаме во изборен процес пред формирање на нова влада, но животот на луѓето и државните интереси се поважни од сѐ“ пишува во писмото што го испрати министерот до Владата.


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните