Има договор кои директори ќе „летаат“: Промените веќе од утре?
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2019 07:14
Почнува неделата во која комплетно ќе заврши процесот наречен „метла“. Премиерот Зоран Заев најави дека неделава, односно веќе утре ќе се знае и кои 20 директори ќе бидат сменети од позициите и кој ќе ги наследи во фотелјите. Претходно имаше некои рокади на министерски места, иако остана впечатокот дека и покрај најавите единствена голема промена е тоа што министерот за финансии Драган Тевдовски беше сменет, а на негово место Заев си се постави самиот.
Нема многу конкретни информации кои директори ќе „летаат“ иако според информации на Фактор промени ќе има во клучните претпријатија во државна сопственост и тоа во двете енергетски. Сепак никој не ја потврдува оваа информација, освен што и таму веќе се зборувало дека ќе следуваат промени.
Директорските смени ќе бидат зааклучени, ако се суди по најавите веќе утре на редовната владина седница.
„Идната седмица мислам дека ќе завршиме со директорските места на централно ниво, остануваат замениците министри и остануваат директорските места во подрачните единици, и тука завршува самата реконструкција. Се работи за повеќе од 20 директорски места на централно ниво и веројатно повеќе од 30-тина на локално ниво, кај подрачните единици, замениците, дел од тие места се веќе испразнети, непополнети, кои секако ќе завршат во јули, рече Заев, минатата недела.
Инаку нему му истекува премолчаниот рок кои му го даде Антикорупциска и невладините дека поради тоа што е незаконски да биде избран за министер за финансии, треба да си замине од позицијата раководител во Министерството за финансии, односно да си најде човек кој ќе ј аврши таа функција.
ДУИ не се произнесуваат за промените, иако велат дека се е во договор со коалициониот партнер.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




