ИМА КРИЗЕН ШТАБ ВО МНР ЗА ЕСКАЛАЦИЈАТА МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: Нашите државјани строго да ги следат националните портали за итни случаи
Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2025 15:02
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток вчера апелираше до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.
Владата будно ја следи безбедносната состојба на Блискиот Исток, активиран е кризен штаб во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со случувањата помеѓу Иран и Израел.
-Има кризен штаб во МНРиНТ, се следи будно состојбата преку извештаите кои што ги добиваме преку службени канали, така што не би коментирал повеќе од ова што го кажав – изјави премиерот.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток вчера апелираше до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Исто така, упати апел до сите македонски државјани да се воздржат од какви било патувања кон земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната состојба.
Во врска со присуството на вицепремиерот Иван Стоилковиќ на настани во Руската амбасада, односно дали тоа ќе пречи во билатерални односи со западните земји, премиерот одговори дека не треба да има никаква дилема околу ставот на Владата за руската агресија.
-Ставот на владата околу руската агресија е многу јасен, непроменет и прецизен, исто така и присуството на вицепремиерот Изет Меџити во Одеса е јасна потврда, така што не треба никој да има апсолутно никаква дилема – рече Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




