Има ли гаранција дека нема да го убијат и Путин?
Објавено во: Свет 12 Март, 2015 12:55
Ако зад убиството на Немцов стојат луѓе на чеченскиот лидер Кадиров, може ли некој да гарантира дека утре тие нема да посегнат и по Путин? - Прашува во својот коментар познатиот руски новинар Олег Кашин.
Откако со указ на Путин чеченскиот лидер Рамзан Кадиров беше награден со Орден на честа, тоа тешко може да се гледа изолација од сето друго што го знаеме за чеченскиот лидер. По изразената од него поддршка за Заур Дадаев, уапсен за убиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов, одлуката тој да добие државна награда се раѓа со следново уникатно толкување: „Кадиров го чува грбот на Дадаев, а Путин го чува Кадиров“.
Дури и да претпоставиме дека тоа е некакво појавување и дека одлуката за наградата е донесена многу поодамна пред убиството на Немцов (така тврди пример Дмитриј Песков, прес-секретарот на Путин), приказната сепак останува со опасен потенцијал. Бидејќи девет дена по убиството на Немцов чеченскиот лидер Кадиров одеднаш излегува како главен актер во овој заплет. А тоа не е помалку сензационално од самото убиство.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




