ИМА ЛИ НАЧИН: Како Груевски може да го заобиколи одењето в затвор
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2018 06:50
На екс премиерот и претходен лидер на опозициската ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски , после неколку неуспешни обиди за доставуавње на домашна адреса, во петок лично во Кривичниот суд во Скопје му е врачен упатниот акт за одење в затвор, најдоцна до 8 ноември.
Упатниот акт на судија од Кривичен суд за извршување на санкцијата, за издржување на двегодишната казна затвор по пресудата на Апелациониот суд во Скопје за случајот „Тенк“ , на Груевски му е доставен пред влегување во судницата каде му се суди во случајот „Траекторија“ по обвинение на СЈО.
Груевски првосилно е осуден на казна затвор од две години поради злоупотреба на функцијата во 2012 „противзаконско влијание“ во набавка на луксузен мерцедес вреден 600 000 евра.
Во предметот „Тенк“ по обвинение на СЈО, со првостепена пресуда на судот, судијката Добрила Кацарска во скопскиот Кривичен суд на 23 мај Груевски е осуден на две години, а екс помошникот за внатрешни работи Ѓоко Поповски на 6,5 години.
Со решението на Апелација на 5 октомври на Поповски казната му е намалена на четири години, додека на Груевски му е целосно потврдена.
Извесно е дека одбраната на Груевски, како што најави адвокатот Сања Алексиќ, ќе бара одложување на извршување на пресудата, со вонреден правен лек пред Врховниот суд, бидејќи правото на жалба е исклучено.
Можно е воопшто и да не стапне зад решетки, доколку Врховниот суд одлучи да му го одложи издржувањето на казната затвор, додека да донесат одлука по вонредното преиспитување на пресудата.
Груевски се гони за уште неколку кривични дела.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




