ИМА ЛИ НАДЕЖ ДЕКА ВИРУСОТ БАРЕМ СЕ СМИРУВА: Имаме 48 хоспитализации наспроти над 80 во последните денови
Објавено во: Македонија 29 Март, 2021 12:04
Дали силата на опасниот коронавирус барем малку стивнала, или се работи само за обична дневна статистика од која не може да се извлече заклучок.
Имено, за разлика од претходните денови кога имаше меѓу 70 и 80, па дури и над 80 хоспитализациии, во последното деноноќие бројот на хоспитализации е малку намален, па изнесува 48 приеми во болница на ниво на главниот град.
Инаку, во моментов на ниво на цела држава во болница има 1.537 пациенти. Здравствените власти велат дека има 300 слободни кревети.
„Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 668 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град“, велат од МЗ.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 6 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а четири пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 319 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти. На Клиниката за детски болести има19 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 11 позитивни пациентки.
Вкупно 668 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.537 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите“, велат од МЗ.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




