Добивај вести на Viber
Денес стартува грејната сезона, а сметките нема да бидат намалени се до декември. Ноемвриските сметки пак ќе има зададат главаболка на оние кои се исклучиле од парното, бидејќи според новиот правнилник ако во нивниот стан минуваат цевки за парно, а останатите станари од колективната зграда се греат на парно ќе мора да се плаќаат околу 10 денари за метар квадратен. Ако станот ви е 60 квадрати, 600 денари е вашата месечна сметка за парно, сепак овие сметки за “грејни“цевки ќе треба да се плаќаат само во грејната сезона, во лето не.