Има повеќе смртни случаи отколку лани, констатира СЗО
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Мај, 2021
Има повеќе смртни случаи отколку минатата година, констатира Светската здравствена организација (СЗО).
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејезус, вели дека ситуацијата во Индија е многу загрижувачка. Владата во Њу Делхи побара армијата да управува со објектите за грижа и борба против коронавирусот. Во Индија, бројот на лица заразени со Ковид-19 расте. Експертите велат дека бројот на заразени и починати е веројатно многу поголем, но дека голем број луѓе немаат можност да бидат тестирани или примени во болница, а многу пациенти умираат дома. Иако е најголем производител на вакцини во светски рамки, земјата се соочува со голем недостиг на вакцини.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.