„ИМА РЕВИЗИЈА И ИНСТИТУЦИИ“: Божиновска за компанијата која врши ископ во РЕК Битола „цените се намалени за 30-40 проценти“
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2024
Министерката за енергетика Сања Божиновска изјави дека во моментов има тендер за набавка на јаглен во ТЕЦ Осломеј и тоа го спроведува Електростопанство на Македонија.
Како што рече, Министерството за енергетика ќе ги коригира политиките, а јаглен набавува АД ЕСМ кое е под Владата, и оти набавката сега ќе биде транспарентна.
- Јавниот повик е објавен и може да се види на веб-страницата - изјави Божиновска одговарајќи на новинарско прашање колкава набавка на јаглен се планира и од каде.
На прашањето како го коментира префрлувањето на една милијарда денари за компанија која со години врши ископ во РЕК Битола, а за која ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати укажувала дека е компанија инволвирана во криминални тендери, министерката одговори дека не се работи за нов туку за рамковен договор.
- Колку што сум запознаена, потпишан е рамковен договор, не е нов договор, и знам дека цените се намалени за 30 до 40 проценти од минатата година. Инаку, сето тоа си има ревизија, си има институции кои се занимаваат со тоа. Ние се фокусираме на претстојната грејна сезона и на зимата - рече Божиновска која денеска присуствуваше на доделувањето ваучери за набавка на инвертер клима-уреди во Скопје.
Фото: Принтскрин/Фејсбук* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.